Производ на денот од Brainster: Со Rhei Clock времето тече во буквална смисла

во Хардвер

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Никогаш порано не било овозможено течна материја да се претстави во својата чиста, нерафинирана форма и да се контролира на начин што овозможува таа да се прикаже опипливи облици и форми. Постои средина помеѓу аналогната и дигиталната сфера, каде што правилата на механиката и законите на природата се здружуваат со цел да се создаде течна илузија која потсетува на современата, дигитална форма.

Rhei е прототип на електро-механички часовник каде времето тече во буквална смисла и е резултат на едногодишна посветена проектна работа на српски инженери.

Времето како концепт е крајно субјективно, но постојат две работи кои можеме да ги потврдиме со сигурност: времето е немилосрдна минливост и е постојано движење. Токму овој ритмички тек Rhei го фаќа и сака да претстави како секој момент се разликува од другите, движењето на неговите цифри секој пат е различно анимиран и никогаш не го повторува веќе прикажаниот облик.

Slika 1

Она што се очекува да биде како примарна функција има тенденција да остане во сенка на нејзината многу повеќе непроценлива улога: Rhei е динамична монтажа, анимирана скулптура, идеја изразена во форма на минималистички, дигитален часовник. Со Rhei времето тече. Буквално!

Slika 2

Оваа прекрасна иновација има за цел да не потсети колку секој момент е важен и дека нема да се повтори два пати. Прототипот е во изработка и тимот работи напорно за да почне што побрзо со производство. За да дознаете кога ќе го има на пазарот и како да го порачате, треба да се регистрирате на нивниот вебсајт. Ние со нетрпение го очекуваме овој часовник од иднината, а вие?

Среќно,
Brainster заедницата

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments