Apple бара 2,5 милијарди долари оштета од Samsung

3 коментари 1 мин. читање

Битката продолжува. Денес својот потег го направи Apple кои бараат оштета од 2,5 милијарди долари од страна на Samsung. Оштетата од Apple ја бараат како надомест на загубата која компанијата наводно ја претрпила поради неовластено користење на патенти.

Apple бара 2,02 долари од секој продаден продукт на Samsung кој го прекршува патентот со ознака 318, кој го покрива моментот кога корисникот ќе стигне до крајот на екранот и екранот ќе се врати во почетната позиција (overscroll bounce). Уште 3,10 долари мора да платат за уредите кои го прекршуваат патентот со број 915 кој се однесува на Scrolling API-то. Дополнителни 2,02 долари за патентот 163 кој ја опфаќа функционалоста „tap to zoom and navigate“. И за крај, 24 долари од сите уреди кои го прекршуваат дизајнерскиот патент.

Овие барања се однесуваат за САД, додека за останатите пазари од Apple ќе бараат дополнителна оштета. Од сето ова изгледа дека компаниите никако не може да постигнат заеднички договор, иако веќе двапати се состануваа надвор од судот.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед