0 коментари 2 мин. читање 7 февруари, 2017

Профилите на Steam корисниците се безбедносен ризик

Steam корисниците би требало да бидат исклучително внимателни при прелистување на нивниот профил, објаснуваат од Steam странатa на reddit, кое исто така беше потврдено и од Steamdb. Според објаснувањата, посебно треба да се внимава при отворање на страниците со профили и целосно да се игнорираат сите сомнителни линкови.

Преку користење на ново-откриениот баг преку Cross-site Scripting (XSS) кодот, оние кои немаат попаметна работа сега знаат како да внесат нивен код и да го искористат вашиот профил за да извршуваат акции во ваше име.

Во случај да се сомневате и да мислите дека некој го злоупотребува вашиот профил потребно е веднаш да ја смените вашата лозинка, да овозможите автентикација преку мобилната апликација на Steam, со што значително ќе го зголемите нивото на безбедност, но и да го скенирате и исчистите системот од несакани штеточини.

Се претпоставува дека Steam работи на пополнување на безбедносната дупка и дека опасноста ќе биде елиминирана наскоро.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top