Победа за македонскиот тим Evolution Online во првото коло на Fortuna лигата

во feature, гејминг

Започна втората сезона на Fortuna лигата. Овој пат лигата е регионална и во неа покрај српските, учествуваат и хрватски тимови, како и македонскиот тим Evolution Online. Во првото коло македонскиот тим ја освои првата победа против хрватскиот тим Mistiga Crew.

Evolution во состав на Христијан Блажевски, Јане Васов, Виктор Кордановски, Валмир Фeјзулаху и Стефан Шевченко победи 2:0. МВП на првиот напревар на Evolution e Валмир Фејзулаху. Првата партија беше понеизвесна, но Evolution некако успеа да излезе со победа од меч кој на моменти наликуваше на изгубен. Втората партија беше веќе поизвесна и Evolution ја имаа контролата од почеток до крајот. Сите кои ја следеа првата сезона може да забележат дека има промена во правилата, сега се игра подобар од три.

Титулата ја бранат Melting Point кои исто така играа на отварањето. Melting Point во првото коло играше против ASUS ROG Elite и победи со резултат од 2:0.

Следниот натпревар на Evolution е на 16 февруари, против шампионот и најдобриот тим од Србија, Melting Point. Лигата само што започна, а натпреварите може да ги следите во живо на Twitch или на Sport Klub 3.

 

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk