0 коментари 2 мин. читање

Nvidia создаде ѕвер, Quadro GP100 е најмоќната картичка од Nvidia досега

Nvidia ја претстави новата генерација на Quadro графички картички. Новата Pascal надградба како и досегашните, е наменета за сите на кои професионално им е потребна моќна картичка. Картичката е наменета за креирање на содржина за виртуелна реалност, креирање на видео содржина или за инженерски апликации, вели PC World.

Quadro GP100 е најмоќната картичка од оваа серија и најмоќна картичка од Nvidia досега. Доаѓа со 32-битен floating point перформанс од 12 терафлопи и 5-терафлопи на 64-битен floating point за попрецизни пресметки. Quadro GP 100 има 3,584 CUDA јадро, и е 2 терафлопи побрза од Quadro P6000.

Картичката доаѓа со 16GB HBM2 меморија и NVLink интерконекција. GP100 се вклучува нa PCI Express 3.0 слот. Со NVLink, картичките побрзо ги вчитуваат и испраќаат податоците. Дополнително картичките доаѓаат со NVLink конектор со што е овозможено впарување на графичките картички и работа во NVLink конфигурација.

Сепак за корисниците кои работат со голем број на податоци, надградба од P600o можеби и нема да биде оправдана. P6000 има 24GB GDDR5X меморија, наспроти 16 GB HBM2. Nvidia тврди дека NVLink технологијата и побрзата меморија ќе овозможи корисниците да не ја забележат разликата.

Image: AnandTech

Засега нема податоци за цената, но Nvidia најави дека картичката ќе биде достапна глобално од март. Официјална најава за цената нема, но ако го задржи формирањето на цена како и досега GP100 ќе доаѓа за околу 5.000 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top