Часовникот на Apple се продава полошо од очекувањата, па компанијата ја намали својата прогноза за продадени 11 милиони часовници на 10,5 милиони. Половина милиони часовници и не е проголема бројка, но намалувањето во 2015 година, значи и намалување и во следната година, па аналитичарите предвидуваат понатамошен пад на прогнозираните продожби што кажува дека Apple Watch не е толку интересен уред за корисниците, вели DailyTech.
Ова секако не се добри вести за Apple, но ако ништо друго барем часовниците од Apple се продаваат подобро од конкурентните Android часовници. Лоша вест, пак, е што фитнес лентите Fitbit се продаваат подобро од Apple Watch.
Продажбите можеби и не се изненадување, Apple има корисници кои ги сакаат нивните производи и го купуваат речиси секој нивен уред, дури и часовникот. Од друга страна Fitbit иам свој пазар и јасна намена, па корисниците точно знаат зошто им е потребна. Дополнителна лоша вест за Apple е што рекорните продажби на iPhone 6 и iPhone 6 Plus, ја намелуваат продажбата на iPad, за среќа iPhone бележи рекордни продажби па профитот од телефоните ќе порасне за 3.1 во 2015, односо 3.8 осто во 2016.
Најголем проблем кој Apple може да го има во иднина е недостатокот од зголемувањето на продажбите, односно речиси сите кои можат да си дозволат да купат iPhone веќе имаат iPhone. „Најголемиот број на луѓе кои заработувваат над 15.000 долари годишно веќе ќе имаат iPhone во 2015.“, вели аналитичарот Енди Харгривс.