0 коментари 1 мин. читање 3 јули, 2015

И Mozilla работи на виртуелна реалност

Виртуелната реалност е премногу голема работа да биде оставена единствено за видеоигрите, вели Џош Карпентер од Mozilla. Компанијата е најновиот официјален поддржувач на виртуелната реалност откако претходно својата визија за виртуелната реалност ја покажаа Microsoft, Google, Valve, Sony, Apple, Samsung и Facebook. Тимот на USA Today имаше можност да го посети кампусот на Mozilla и да ги разгледа „тајните“ проекти на тимот зa виртуелна реланост на Mozilla.

Mozilla својата работа на виртуелната реалност тајно ја започна пред две години со крирање на Влад Вукичивиќ кои беше главен девелопер на WebGL. Компанијата гледа на виртуелната реалност како можност за подобро искуство за корисниците. На пример можност за купувачите на станови да го разгледаат просторот кој го купуваат со помош на виртуелната реалност.

Но Mozilla веќе има неколку проекти на кои работи. Компанијата со помош на MozVR и неколку соработници креира виртуелен свет кој овозможуваат, моделирање, разгелдување на Wikipedia преку разгледувањен а холографска верзија на страната или возење со хеликоптер на Аљаска.

За разгледување на тест верзиите може да ја посетите MozVR каде има куп одлични проекти, но потребен е Oculus Rift и Motion Leap контролер.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top