0 коментари 3 мин. читање 22 март, 2017

Продавницата за дигитални игри DotEmu се затвора!

По шест години функционирање и продавање DRM-Free ретро дигитални игри, француската продавница, DotEmu реши дека нема да продолжи понатаму и дека е време да се згаснат продажните услуги. Сите досегашни купувачи имаат рок до 1 јуни да ги преземат игрите од нивниот дигитален фронт.

„По повеќе од 6 години добра и лојална услуга, жал ни е да ве информираме дека решивме целосно да ја затвориме онлајн продавницата на DotEmu. Таа беше место каде илјадници PC гејмери беа во можност да ги најдат и купат нивните омилени ретро игри, но повеќе немаме избор и принудени сме да ја затвориме продавницата “, пишува компанијата.

 

Одлуката морала да се донесе затоа што сѐ повеќе и повеќе компании продаваат игри на онлајн пазарот и конкуренцијата, што според нив, е позастрашувачка од кога било.

„Од друга страна, веќе неколку години се фокусираме на развивање и издавање игри за конзоли и мобилни игри наместо дистрибуција“.

Ова, смета компанијата, е главната причина поради која решиле да ја згаснат продавницата.

DotEmu беше една од ретките продавници која, како и GOG, ги продаваше нивните игри без било какви заштити и дозволува целосна слобода во начинот на кој сакате да ги инсталирате и играте купените наслови. Продавницата повеќе не продава игри, но сите претходно купени можете слободно да си ги преземете до 1 јуни и да си направите нивен бекап.

За крај, од компанијата ветија дека и понатаму ќе бараат одлични ретро игри за нивната заедница затоа што нивната мисија и понатаму останува иста, а тоа е да им овозможат на сите гејмери, хитовите од вчера да се појават на платформите од денеска, не исклучувајќи ги PC, мобилните направи, како и конзолите.

„Ви благодариме уште еднаш што бевте дел од авантурата на DotEmu и за сета поддршка што нѝ ја пруживте. Низ годините, растот на DotEmu немаше да биде можен без вербата која ја вложивте во нашата компанија“.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top