Една вест неделава беше исклучително интересна не само во гејмерските, туку и во образовните кругови. Имено, откако еден ученик украл на едно девојче моливче, девојчето, не знаејќи што да направи, го нарекло Hanzo Main. Наставникот го слушнал ова и, откако ѝ изрекол дисциплинска мерка го испратил девојчето дома. На ливчето кое било испратено до родителите пишувало: “Еден ученик ѝ го земал моливчето и таа го нарече Hanzo Main. Немам никаква идеја што ова значи, но јасно беше дека таквото нешто беше кажано во форма на навреда”.
Родителите поставија фотографија од ливчето на Twitter со следната порака: „Мојата ќерка навлезе во конфликт откако нарече дете кое и го украде моливот Hanzo Main. Веќе половина час како маж ми и јас не можеме да престанеме да се смееме.“
Што е Hanzo Main?
Во мултиплеер играта Overwatch, тим од шест луѓе се бори против друг тим од шест за да се заробат и држат одредени точки на мапата. Независно од режимот, еден тим се стреми да оствари нешто, а другиот да го спречи. Еден од дваесет и трите херои со кои играте се вика Hanzo и за да играте со него треба да сте повешти во играта, во спротивно обично го осудувате тимот на пропаст затоа што не одите со некој поизбалансиран херој кој би допринесол до тимска работа и заедничка победа. Инсистирањето да играте само со еден херој се нарекува maining, a таквата практика е значително проблематична кога последниот играч од тимот ќе реши да игра со Hanzo, на што останатите играчи гледаат како на себичен и тврдоглав потег. Од тука, девојчето не знаејќи што да му каже на крадецот на моливот, а сакајќи да нанесе барем некаква штета, решила да го нарече Hanzo Main.

Overwatch Hanzo
Сето ова не помина незабележано од авторите на играта и од Blizzard вратија со твит дека иако не поддржуваат давање прекари им се допаднал борбениот дух на девојчето.
Ова не е првпат да се користи прекарот Hanzo Main. На еден анти-Трамп билборд од претходната година, тогашниот кандидат, а сегашен претседател Доналд Трамп беше споредуван и нарекуван Hanzo Main и претставуван како да игра само со Hanzo, а постојано да се жали од неговиот тим.