1 коментар 2 мин. читање 17 октомври, 2011

Microsoft го тргна Google тулбарот од Skype

Минатата недела Skype и официјално стана дел од Microsoft. Со оваа зделка Microsoft ќе може да го интегрира Skype во своите уреди и софтвер и да обезбеди комуникациски услуги на своите клиенти и корисници, и да им стане конкурент на Apple и Google во трката на кој ќе биде првата мултиплатформа која ќе интегрира пребарување, говор, податоци, видео, друштвени мрежи и забава.

Првиот потег од како Microsoft го купи Skype, е отстранувањето на опцијата за инсталира на Google тулбарот во новата верзија на Skype за Windows. Ова е спротивно од тоа што главниот човек на Skype, Тони Бејтс, го најави – дека Skype ќе ја продолжи поддршката за платформи кои не се на Microsoft, како iOS и Android. Тој исто така изјави дека под Microsoft се надева дека Skype ќе успее да стигне до една милијардна корисници дневно.

Со купувањето на Skype, Microsoft влезе и во телефонскиот бизнис. Минатата година Skype имаше собраќај од 190 милијарди минути, што е за 68 отсто повеќе од 2009 година. Во приход, тие минути изнесуваат 83 милијарди долари. Голема предност за Microsoft е и договорот помеѓу Skype и Facebook, со кој оваа платформа е отворена за 750 милиони корисници.

Се очекува Microsoft да ја претстави и првата Windows Phone 7.5 Skype апликација во наредниве недели, која би требало да има и опција за видео чет благодарение на предните камери што ги имаат новите Winodows Phone 7 телефони.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
дфнбдфнбас
дфнбдфнбас
14 years ago

Мило ми е што го баталија гугл тулбарот, ме нервира искрено

Мени
Заедница
Изглед
To top