Nest претстави камера која го чува домот

Најпознатиот производител на поврзани уреди Nest, претстави нова камера Nest Outdoor Camera, наменета за работа во дворот и за заштита од домот од продавници пред тие да влезат внатре. Ова е прва безбедносна камера и втора камера која ја презентира Nest, по купувањето на Dropcam. Nest презентираше камера во 2015 година со вградени сензори, аларми на телефон, микрофон и звучници. За разлика од претходната камера наменета за работа во домот, новата камера е водоотпорна, доаѓа со кабел, и освен микрофон има и звучници кои овозможуваат двонасочна комуникација.

Камерата од 2015 година не е наменета за работа надвор, но корисниците сепак ја користеа, па Nest одлучи да им излезе во пресрет и да се прилагоди на нивните потреби. Куќиштето на новата камера е поголемо, а и камерата сега е бела за да може полесно да се вклопи со најчестата боја на куќите, вели Venture Beat.

Kабелот на камерата се вклучува во штекер, а доколку и некако се случи камерата да биде исклучена, корисникот веднаш ќе биде предупреден. Снимките од камерата во реално време се зачувуваат во складиште во облакот, па дури и провалникот да дојде до камерата нема да може да ги избрише доказите. Камерата ќе чини 200 долари и засега ги праќа нотификациите и видеата на телефоните. Ова ќе биде променето со следната надградба на Android Wear и Apple Watch апликацијата, па корисниците ќе добиваат известувања и ќе можат да видат кој им „се мота“ во дворот и на часовниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk