Xiaomi малку доцни со првите дронови, но сепак успеа да претстави интересен продукт. Првиот дрон на Xiaomi, како и останатите нивни уреди ќе биде конкурентен со перформансите, но и со цената. Слично како неколку уреди кои ги презентира Xiaomi, компанијата нема да го произведува уредот, туку е негова поддршка. Xiaomi го става својот бренд зад Flybi кои се производители на овој уред.
Дронот доаѓа со 4 пропелери и наликува на најголем дел до дроновите кои ги гледаме. Батерија од 5100 mAh која овозможува летање со должина од 27 минути, a купувачите имаат можност за избор помеѓу 1080p и 4K камера. Дронот ќе биде изработен во модули па промените ќе бидат едноставни. Mi Drone ќе доаѓа со неколку функционалности како можност за кружење околу една точка, автоматски пилот за враќање, можност за избегнување на зони на забранет лет, но и сигнал кој продолжува дури и откако ќе падне леталото. Дронот следењето на својата позиција го прави визуелно, со помош на GPS и GLONASS, што овозможува супер прецизност.
Најверојатно веќе навикнавме Xiaomi да ги нуди своите производи значително поевтино од конкуренцијата, па ниту овојпат не потфрлија. Во зависност од камерата уредите чинат 380 или 450 долари речиси двојно поевтино од конкуренцијата. Интересно поскапиот модел ќе биде достапен од јули, но за поевтиниот модел ќе има краудфандинг кампања.







