0 коментари 2 мин. читање 26 мај, 2016

Microsoft се предава? Компанијата отпушти 1.850 луѓе кои работеa на паметни телефони

Microsoft продолжува со oтпуштања во одделот за развој на паметни телефони. Најголем дел од отпуштените се дел од одделот за равој во Финска, а освен отпремнини, компанијата ќе загуби и дополнителни 950 милиони долари. Ова отпуштање на Microsoft е дел од крајот на мобилниот оддел на Nokia, a компанијата која не толку одамна ги произведуваше најпродаваните телефони досега отпушти првин 18.000 вработени, потоа 7.800 и сега 1.850.

Иако Microsoft најави дека во иднина ќе бидат пофокусирани во одделот за паметни телефони, oва може да го протолкуваме како дополнителнo намалувања на бројот на телефони кои ќе излезат од Microsoft, откако веќе еднаш беше намалено производството. Вистината е дека уредитe на Microsoft не се продаваат според очекувањата. Најверојатно ова ќе значи намалување на еден или два Surface телефони и крај на Lumia. Според шпекулациите, компанијата не се откажа во целост од Lumia, но фокусот засега е на облакот и на различни услуги.

Минатаа недела Microsoft објави план со кој дел од мобилниот оддел, претходно купен од Nokia, ќе го продаде на FIH Mobile кои се дел од Foxconn, јави Venturebeat. „Продолжуваме со пофокусирани напори кај паметните телефони, ќе направиме поделба со компаниите кои пред се ја ценат безбедноста, можноста за управување и Continuum. Но, истото важи и за обичните корисници“, вели директорот на Microsoft, Сатја Недела.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top