AEK им се закани на операторите дека ќе ги казнува за квалитетот на мрежата

во ИТ.МК

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) сака да ги зголеми казните за операторите бидејќи досегашните казни не биле доволно голем притисок да се подобри квалитетот на мрежата. Решението вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски, е да се воведат мандатни казни. Овие казни се предвидени во новиот Закон за електронски комуникации.

„Мандатните казни се парични и изнесуваат од 7 до 10 отсто од нивниот годишен приход. Во моментов имаме преку 30 прекршочни пријави против операторите. Сите судски процеси кои ги покренавме се во тек“.

АЕК ќе го мери квалитетот на мрежата според достапноста која треба да биде над 99,5 отсто, според бројот на пропаднати повици кои треба да бидат под 2 отсто и според бројот на реализирани повици кои треба да бидат 99,9 отсто. Дополнително, добри вести за сите корисници на мобилниот интернет е дека минималната брзина треба да бите 1 Mbit/s во 3G мрежата, но најверојатно ова нема да важи за договорите кои се ограничени со „фер користењето“ односно во кои се вели дека брзината ќе се намали поради надминувањето на лимитот.

Првите мерења, вели г. Орданоски ќе бидат презентирани наскоро. Тие ќе им послужат на корисниците да видат каква мрежа може да му понуди операторот. Ова особено ќе биде важно за корисниците од руралните средини, иако најчесто одлуките на корисниците се одредени според понудите на операторите.

Но, г. Ордановски вели дека  Македонија мора да се подготви на новите мобилни сервиси. Во моментов најголемиот сообраќај на операторите, следен според приходите, доаѓа од говорните повици, додека само 4 отсто од мобилниот интернет. Тој тренд ќе се промени во Македонија, како што се промени во светот, и затоа ќе треба да има добра инфраструктура да се поддржи технологијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk