Google крадел пари од издавачите од 2009-та година, и за ова не се знаело надвор од компанијата бидејќи би ги очекувала истрага од Федералното истражно биро (FBI) и Внатрешната даночна служба (IRS), обвинува поранешен вработен во компанијата, кој сака да остане анонимен. Писмото во кое ги опишува сите нерегуларности и прекршувања на законот го сподели на Pastebin. Со заплашување дека дел од вработените во AdSense или ќе мора да ги намалат платите или ќе мора да ги отпуштат, Google ги убедил да започнат со забрана на издавачи кои се приближувале до периодот на исплата. Вработените во AdSense потоа добиле директива сите објавувачи на реклами кои се доближуваат или надминале 5.000 долари за наплата, а треба да бидат наскоро исплатени, да добијат забрана, а нивната заработка да остане во Google. Иако голем дел од вработените не беа задоволни од ова, многу мал дел си поднеле оставка.
„На овој начин компаниите кои се рекламираа не можеа да тврдат дека ние не ја завршуваме својата работа, па не ги испоричуваме нивните реклами, а бараме пари Во оваа смисла, имавме илјадници и илјадници издавачи кои испорачуваа реклами за кои што знаевме дека никогаш нема да бидат исплатени“, се вели во анонимно-објавеното писмо.
Google веднаш ги негираше обвинувањата, велејќи дека се „измислени“.
Во писмото се вели дека најголем дел од забраните дошле во април 2012 година кога компанијата инсистирала вработените да ги забранат издавачите со најголема заработка, без никакво образложение и прашања. Голем дел од издавачите се жалеа залудно бидејќи никој не ги разгледуваше нивните поплаки. Неколку издавачи кои се жалеа до судските власти беа подмирени во вонсудски спорови, но Google воведе нова политика бидејќи ова беше сериозен проблем кој мораше да биде избегнат. Затоа во 2012 година воведоа нова пракса.
„Засолнете се од можните проблематични компании, а кој го ебе остатокот“, се наводните зборови изговорени од директорот на Google AdSense. Анонимниот вработен тврди дека компаниите кои можат да предизвикаат најмногу проблеми за Google беа ставени во Green Group и беа исплаќани без проблеми, дури и доколку ги прекршуваат правилата на користење на AdSense. Останатите беа поделени во неколку групи и често беа предмет на прегледи во кој се бараше дури и ‘влакно во јајце’ за да бидат избришани. Вториот дел на “контролата на квалитет“ опфати промена на статистичките показатели , па статистичките показатели кои му се презентитраат на корисникот не се ни блиску до точни.
„Ова доведе многу објавувачи на реклами да не добиваат воопшто пари. Иако сообраќајот на сајтот всушност е голем па дури и кликањето на реклами е големо, сепак податоците се променуваат од Google на штета на корисниците. Ова доведе никој во 2012 година да не може да заработи ни приближно од она што се заработуваше пред 2009 година“.
Најголемиот проблем кој го има Google AdSense e автоматското блокирање на профили доколку услугата детектира дека голем дек од кликовите доаѓаат од иста IP-адреса. Ова се случува без разлика дали рекламите ги отвара сопственкот на сајтот или злонамерен напаѓач. Според објавувачот на писмото најголем страв на Google е дека измамените партнери со забрана, ќе дознаат дека Google со години собира добар дел од нивните пари без никаква основа, со забрана за исплати поради злоупотреба. Друг проблем е заработката од Google во голем дел се даночни како месечно примање, па Google може да биде и разгледан од позиција на работодавач во овој случај.
Голем дел од државите имаат драконски казни за заштита на работничките права, па компанијата би можела да се најде под сериозна закана. Секако не смее да се заборави и ударот кон угледот на компанијата доколку барем дел од овие обвинувања се покажат како точни. За среќа нa Google, писмото не содржи и докази.







