0 коментари 1 мин. читање 10 февруари, 2016

Принтајте фотографии директно од вашиот телефон со хипстерска апликација

Трендот оваа година се чини се современо изработени ретро уреди. Меѓу нив е Prynt, додаток кој го претвора телефонот во стара Polaroid камера која може да ја испечати фотографијата веднаш. Prynt овозможува снимање на кусо видео што ќе биде зачувано во фотографијата, а станува достапно кога фотографијата ќе биде скенирана со апликацијата. Иако станува збор за принтер, нема потреба од бои за принтање, тие се наоѓаат на хартијата.

Се чини дека креаторите сепак не успеаjа да го надминат главниот проблем, додатокот да може да се користи за што е можно повеќе телефони. Prynt поддржува единствено неколку модели: iPhone 6s, iPhone 6, iPhone 5s, iPhone 5c, iPhone 5, Samsung Galaxy S5 и Samsung Galaxy S4. Цената на Prynt e 150 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top