Дрон се сруши во Емпаер Стејт Билдинг

во Свет

Шон Ридл е можеби првиот пилот на дронови кој е обвинет за предизвикување опасност и срушување на беспилотно летало во облакодер. Тој успеа да удри со дронот на 40-тиот кат на познатиот Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк, иако според него, пред да лета се консултирал со полицаец кој му кажал дека е сосем безбедно да лета во таа околина, пренесува BBC.

Освен што добил дозвола од полицијата, г. Ридл вели дека проверил на мапата каде е дозволен лет со беспилотни летала, но и на споменатата мапа добро се гледа дека зградата е во забранета зона. Причина за летот е снимање на кратко видео за промоција на непрофитна организација. „Сѐ што сакаве е да снимам пет секундно видео за промоција на непрофитна организација. Прашав еден полицаец 20 минути пред да снимам и рече дека е во ред. Освен ова побарав на веб страната каде може да се лета легално“, вели г. Ридл.

Во Њујорк забранети се летови на дронови врз области каде има луѓе и возила во движење; дроновите треба да бидат над 122 метри над било кој објект; и да бидат оддалечени 8 метри од луѓе или сопственост што може да се оштети.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk