Previeweet е додаток за Chrome кој на Twitter ќе ви ја додаде можноста да ги прегледувате фотографии, дури и Instagram фотографиите за кои Twitter ја прекина поддршката. Додатокот до содржината на твитот ќе додаде и мала сликичка од фотографијата или видеото што ја содржи. Откако ќе ја инсталирате екстензијата, превчитајте ја страницата и кога ќе имате твит кој содржи YouTube видео или фотографија, на десната страна ќе ја забележите промената, односно сликичката. Со кликање на фотографијата ќе ви биде отворен целиот твит и поголема верзија на сликата.
Сепак, доколку некој сподели фотографија од Facebook и истата не е јавна, таа нема да биде прикажана, што е и нормално. Исто така, треба да се напомени и дека можеби Twitter ќе ви се отвара малку поспоро, со оглед на тоа што треба да ги изгенерира малите сликички. Таков преглед веќе има преку TweetDeck, а Previeweet ги поддржува овие сервиси: Dribble, pic.twitter.com, Instagram, Photobucket, Facebook, yfrog, Twitpic, Twitvid, Flickr, Imgur и многу други.
Previeweet можете да ја инсталирате преку Chrome Web Store.








