Raspberry PI е еден од напопуларните микро-компјутери, па идеата на креаторите да направат официјален дисплеј за компјутерчето беше само прашање на време. Сепак екранот доцни повеќе од девет месеци, со оглед на тоа дека беше најавен уште на почетокот на 2015-та година. Дисплејот е 7-инчен со резолуција 800х480, и преку Raspbian оперативниот систем овозможува детектирање на десет точки на допир на дисплејот и тастатура на екранот. Според Rasp.tv, кои вообичаено се првите кои имаат можност да го разгледаат можностите на Raspberry Pi и додатоците, главна придобивка од 10 точки на детекција, ќе биде можноста за креирање на контролери.
Екранот е компатибилен со Raspberry Pi 2 Model B,Raspberry Pi 2 Model B+ и Raspberry Pi 2 Model A+. Постарите A и B плочки можат да се користа, но приклучокот е проблем. За да функционира како што е предвидено потребна е надградба на оперативниот систем на последната верзија. Со оглед на тоа дека станува збор за уред чија главна цел е да биде достапен за сите, релативно ниската цена од 60 долари не е никакво изненадување, а ова значи дека со микрокомпјутерот заедно не надминуваат 100 долари.







