Претседателот на САД, г. Барак Обама нема проблеми со прифаќање на нова технологија или комуникација на социјaлните мрежи. Сега тој е и првиот претседател кој ги користи можностите на ботовите на Facebook.
„Од денес, за првпат ќе може да му испратите порака на претседателот Обама, преку Facebook-страницата на Белата куќа, исто како што ги контактирате вашите пријатели.“, вели Џејсон Голдман на блогот на Белата куќа.
Ова ќе ја олесни комуникацијата која граѓаните ја имаат со претседателот. Досега комуникацијата се одвиваше или по пошта или преку веб-страницата на Белата куќа. Откако е претседател г. Обама секојдневно чита по 10 писма од граѓаните, кои ги одбира неговиот кореспондент, јави Venturebeat.
Комуникациајта со ботот е едноставна, а по секоја линија текст, корисникот ќе треба да одбере дали сака да го додаде текстот во пораката.
За жал, барем засега нема можност за контактирање со слика или меме, бидејќи ботот на Facebook не функционира на овој начин, па комуникацијата е ограничена на текст.