0 коментари 2 мин. читање 11 август, 2016

Земете ја библиотеката со вас со Kniga.mk

Kniga.mk е бесплатна македонска Android апликација од CodeWell, наменета за сите љубители на читањето. Станува збор за помошна апликација на книжарницата на издавачкиот центар Три. Kniga.mk, овозможува е-книгите од издавачот Три, да ги земете секаде со вас.

Апликацијата е постара, но доколку уште не сте го искористиле одморот, а сакате да читате на плажа тогаш Kniga.mk може да ви помогне во решавање на многу проблеми.

Корисноста зависи пред сѐ од бројот на е-книги кои ги имате од овој издавач. Сервисот се синхронизира со продавницата, па со купување на книгите веднаш се достапни и на телефонот или таблет компјутерот.

Можеби единствениот недостаток на апликацијата е со фонтот. Дел од буквите недостасуваа, и тоа покрај карактеристичните, пример „Џ“, недостасува и „Ј“. Описот на апликацијата вели дека корисникот може и самиот да го промени фонтот, но за жал не успеавме да го пронјадеме од подесувањата.

Освен овој проблем, апликацијата е всушност добра. Доаѓа со можности за: едноставно купување на книги;  нивно едноставно додавање на уредот; и промена на екраност за ноќно читање.

 

knigi-mk

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top