Хрватскиот стартап Farmeron сега е дел од US Virtus Nutrition

во ИТ.ЕУ, Свет

Virtus Nutrition е нов сопственик на хрватскиот стартап Farmeron. Компанијaта е еден светските лидери кога е во прашање исхраната на молзни крави. Засегa цената која ја исплати Virtus Nutrition за Farmeron не е објавена.

„Воодушевени сме што му се приклучуваме на Virtus и ќе може да го користиме нивното искуство и познавање на пазарот. Нашите компании имаат иста визија за спојување на технологијата и податоците во срцето на модерното управување со фармите. Нашата конечна цел е да знаеме сѐ за секое животно на сите фарми. Пред нас е долг пат, но возбудени сме од соработката со Мет и неговиот тим.“, вели Матија Копиќ, ко-основач на Farmeron.

Хрватскиот Farmeron е еден од најветувачките стартапи од регионот. Стартапот работи на облак сервис, своевиден Google Analytics за фарма.

Сервисот ги споредува животните поединечно, но и целата фарма. Од спојувањето може да се очекува нов софтвер за исхрана на стоката, јави Superfounders.

Хрватската компанија останува одделена од Virtus Nutrition, и според најавата нема да има промени во раководството. Досегашниот директор и ко-основач останува на чело на Farmeron.

Компанијата во неколку инвестициски циклуси собра 4.27 милиони долари. Најголем дел од корисниците доаѓаат од САД, но компанијата има корисници низ целиот свет.

„Технологијата и податоците отсекогаш биле во фокусот на она што го работиме. Сведоци сме како облак сервисот и податочна технологија ги менуваат и подобруваат останатите технологии. Овој тренд ќе ја зафати и индустријата за добиток. Имам можност да ги видам можностите на Farmeron на нашата фамилијарна фарма веќе со години. Верувам дека ја имаме технологијата која ќе ги однесе сточарите во следната ера.“, вели Мет Свансон од Virtus Nutrition.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments