Blackberry 10 ќе го има најбрзиот прелистувач помеѓу паметните телефони. Интегрираниот прелистувач во новиот телефон на RIM на тестовите на Gadget Masters се покажа како побрз од прелистувачот на iPhone 5 и Windows Phone 8Х. Тестот кој е направен е релативно едноставен, Blackberry 10 е поставен до iPhone 5, односно HTC 8X. Телефоните се поврзани и на иста мрежа, а отворањето на веб страните започнува истовремено. „Победник“ е телефонот кој прв ќе ја отвори страната.
„Tестовите со iPhone покажуват дека на 3G мрежа Blackberry 10 е побрз и при отварањето на веб страни но и при прикажувањето на содржините.“, тврди Gadget Masters.
[youtube]YjBppA7qDd4[/youtube]
Споредбите со Windows 8 телефоните покажуваат дека Blackberry не само што е побрз кога отвора веб страни, туку e подобро адаптиран на HTML5 стандардите.
Една од чудните одлуки na Research in Motion е поддршката за Flash, уште повеќе кога Adobe прекина да ги сервисира уредите и да ја надградува и одржува платформата, освен за десктоп комјутери. Оперативниот систем на Blackberry 10 е сè уште во работна верзија, а телефонот ќе излезе на 30 јануари. Очекуваме во периодот кој доаѓа да ни бидат презентирани повеќе податоци и детали за новите телефони.
[youtube]17t-_tr7UuU[/youtube]








Хаха , најбрз а тогаш зошто во тестот не е вклучен Андроид уред , затоа што сепак го држи тронот за најбрз дефалт пребарувач од сите платформи ;)