70 коментари 9 мин. читање

Преку 106 дојави за бомби во последните три месеци

Веќе трет месец по ред наставата на учениците во Скопје редовно се прекинува со дојави за поставени бомби. Дојавите пристигаат и во другите градови, а освен училишта, бомби започнаа да „се дојавуваат“ и во државни институции, на железничката станица, во трговски центри… Иницијалните дојави на почетокот од оваа сага доаѓаа од ProtonМail. Единствениот приведен за овој случај, всушност беше невин и наскоро беше ослободен. Во периодов се изнаслушавме различни претпоставки за тоа кој ги праќа овие често грозоморни пораки и кој стои зад лажните дојави во десетина средни училишта. Шпекулациите се од хибридна војна, до моќни центри, до средношколци кои не се подготвиле за тримесечјето или им е досадно…

Реалноста е дека се дури не се откријат детално случаите и не дојде до апсење на виновникот или виновниците сѐ што може да кажеме на оваа тема ќе биде само шпекулација.

Секако во постоечката политичка ситуација во државата, секој момент од оваа сага се користи за политичко поентирање, на еден или на друг начин. Најсреќна околност е дека сите дојави за поставени бомби досега се лажни.

Регионот со иста мака

Од март годинава, оваа пракса на лажни дојави ја има и во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, и Црна гора. Неодлучноста на инститицуиите кој стои зад ова, како и тежината со која ги пронаоѓаат сторителите ништо чудно да охрабрува и други актори да се вклучат во праќањето на мејлови и дојави кои шират страв и несигурност. Во Србија на пример, од летото траат разни дојави за бомби, а според српското МВР, во дојавите се вмешани над 19 мејлови и тоа повеќето базирани на Gmail.

Анонимност на интернет е скоро невозможна, а откривањето бара добра координација

Масло на огнот на случувањата денеска додаде премиерот Димитар Ковачевски кој јавно произнесе теорија дека “речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата“.

„МВР успешно ја врши својата работа и во однос на дојавите на бомби дејствува со полн капацитет. Дојавите се преку виртуелни приватни мрежи хостирани во странство и речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата бидејќи станува збор за тој тип на мрежа. Ова е резултат на хибридна војна на која покрај Северна Македонија се изложени и други држави.” – изјави премиерот Димитар Ковачевски на 13-ти декември, 2022 година

Тоа што МВР на 5-ти декември уапси малолетник кој го обвини за тероризам бидејќи испратил заканувачки пораки за поставени експлозиви во четири скопски училишта, а при тие дејствија користел провајдер кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, делува дека е добар контра-аргумент на непоткрепената изјава на премиерот.

Од технички аспект, знаејќи дека анонимност на интернет е прилично тешка ако не и невозможна работа, откривањето на сторителите не би требало да претставува преголема пречка дури и при VPN конекции ако се стави како приоритет за една држава која има стабилна државна ИТ инфраструктура и добри меѓународни односи со други државни инстутиции во кои се лоцирани дел од VPN и мејл серверите што се користат при ваквите дојави, со цел навремено да се преземат потребните акции. Ако не наоѓање на сторителите, барем некои подобри показатели за што поточно станува збор и од кој правец (локално или интернационално) доаѓа заканата треба да се достапни.

Клучните термини во претходниот параграф се стабилна државна ИТ инфраструктура и добри меѓународни институционални односи. За второто, реално немаме факти да збориме во каква форма постои, меѓутоа за првото – државната ИТ инфраструктура – може само да кажеме дека доволно е да се сподели тоа дека Vlada.mk сега се подготвува за Божиќна распродажба, откако веќе 3 месеци не се чисти едноставен SPAM на еден од најважните државни сајтови, па како читатели сами да си процените за државната респонзивност кон сајбер криминалот и заканите:

Принт скрин од резултати за Vlada.mk на 13-ти декември, 2022

Било што во оваа фаза да се каже на темава а да не доаѓа од институциите кои се задолжени да го разрешат ова е дефинитивно шпекулација. Како ИТ портал може да тераме теории и подетални концепти за колку е тешко или колку е лесно да се откријат сторителите, меѓутоа сметаме дека било какво подетално техничко третирање на тематиката во оваа фаза може само да охрабри постоечки или поттикне нови понатамошни дејства. Како велат, прашај паталец, а не гаталец.

Она за што не мора да шпекулираме е листата на институции кои добиле закана за поставена бомба, која ако ја сумираме дава резултат од над 106 дојави за бомби на различни локации во последните 3 месеци.

12 декември

Последните неколку дена ја имавме веројатно и најобемната листа на мети кои добија пораки за поставена бомба. Цел на електронска порака со заканувачка содржина пристигна до Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир Сити и повторно во дел од скопските училишта.

9 декември

Центарот на Скопје и на 9-ти декември беше пот блокада на полициските и антитерористичките единици. Закани за поставени бомби стигнаа до седум средни училишта во Скопје, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар.

7 декември

На листата на мети од 7-ми декември е и Народната банка на Република Македонија. Покрај НБРМ дојави за поставени бомби стигнаа и на адресите на девет скопски училишта. Полицијата ги евакуирала учениците и вработените. Антитерористичката единица на МВР и кучиња трагачи утврдиле дека станува збор за лажни дојави.

  • НБРМ – извор TV21
  • Раде Јовчевски Корчагин“ – извор Република
  • „Јосип Броз Тито“– извор Република
  • +7 училишта

5 декември

На 5-ти декември на листата градови со дојава за бомба се придодаде и Кавадарци. Шест училишта и една градинка беа цел на новите закани. Полицијата ги евакуираше училиштата и презема потребни антитерористички проверки.

2 декември

На втори декември пријави за бомби стигнаа до 3 основни училишта во Петровец и едно во Крива Паланка. За дел од овие дојави подоцна се откри дека всушност биле испратени еден ден порано, но некој не го проверил мејлот…

1 декември

По пауза од две недели дојавите за бомба продолжија да доаѓаат во декември. За прв пат со закана за поставена бомба беа контактирани и две основни училишта.

16 ноември

На 16-ти ноември имаше нови дојави за бомба во 7 скопски училишта. Дојавите пристигнаа во првата смена, а полицијата ги евакуираше училиштата. Медиумите јавија дека за прв пат во дојавите имало обид за изнудување на пари, 15 000 евра.

  • „Јосип Броз Тито“ – извор Курир
  • „Раде Јовчевски Корчагин“ – извор Фактор
  • „Никола Карев“ – извор Фактор
  • „Орце Николов“ – извор Фактор
  • „Панче Караѓозов“ – извор Фактор
  • „Михајло Пупин“ – извор Фактор
  • „Арсениј Јовков“ – извор Фактор

11 ноември

Дојавите за бомби продолжија 2 дена подоцна. Цел на заканите повторно беа четирите скопски училишта. Полицијата ги евакуираше училиштата и изврши детални антитерористички проверки.

  • „Раде Јовчевски Корчагин“ – извор 24.мк
  • „Никола Карев“ – извор 24.мк
  • „Јосип Броз Тито“ – извор 24.мк, Курир, Maxfax
  • „Орце Николов“ – извор 24.мк, Телма

9 ноември

Лажни дојави за поставени бомби пристигаа во текот на цел месец. Полицијата продолжи да ги евакуира училиштата и да презема антитерористички мерки. Цел на дојавите беа 9 училишта

  • „Јосип Броз Тито“ – извор 365, Опсервер, Вечер
  • „Никола Карев“ – извор 365,
  • „Панче Арсовски“ – извор 365,
  • „Владо Тасевски“ – извор 365, МЕТА
  • „Орце Николов“ – извор Канал5
  • „Раде Јовчевски – Корчагин“ – извор Канал5
  • „Цветан Димов“ – извор Канал5
  • „Владо Тасевски“ – извор Канал5
  • „Арсен Јовков“ – извор Канал5
  • „Панче Арсовски“ – извор Канал5
  • „Михајло Пупин“ – извор Канал5

4 ноември

На 4-ти ноември закани за поставена бомба беа пријавени во 4 училишта. За првпат во електронската пошта за едно училиште (гимназијата „Никола Карев“) беа пријавени закани за поставени бомби во други училишта.

2 ноември

Заканите продолжија на 2 ноември, со дојави за поставени бомби во 6 училишта. Најпрво дојавата стигнала до адресите на шест училишта, а половина час подоцна на листата се додадени уште две училишта.

28 октомври

Три дена по ред во октомври во средните училишта во Скопје пристигаа дојави за поставени бомби. На 28-ми заканувачка електронска пошта стигна до гимназијата „Никола Карев“…

27 октомври

На 27 октомври дојави за поставена бомба стигнаа до 9 училишта. Министерот на прес конференција објави дека е позната имејл адресата од каде се праќаат пораките со заканувачка содржина.

26 октомври

Дојавите за поставени бомби започнаа на 26 октомври. Осум училишта на своите имејл адреси добија заканувачка имејл порака. Училиштата веднаш беа евакуирани, а дојавите беа лажни.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Forum replies (70)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

pipelin

Caffeine & IT.mk

2,720 пораки 3,393 лајк
Trtka

Gaining Сало

712 пораки 1,023 лајк

Така ? Аааа.. Ааааа.. Така да ... Ааааа . Аааааа.

одговори 1 Like

Ragnar

poweruser

2,569 пораки 3,208 лајк

Чудно колку малку коментари на тема за која ИТ секторот треба дефинитивно да има свое мислење.
Јас не сум во тој сектор ама ќе кажам :-)
Прво, сите сериозни VPN провајдери гарантираат анонимност и приватност пред се со нивната no-logs policy. Со други зборови, никој не ја забележува и чува вашата активност на интернет откако ќе се закачите на некој нивни сервер и смените IP. Единствено може да чуваат логови за кога сте се поврзале и колку траеле сесиите ама и тоа го чуваат за краток период. Под услов да е вистина ова што го ветуваат тогаш многу тешко се влегува во трага.
Второ, со почетокот на специјалната воена интервенција во Украина (добро де војната) прекинаа соработките меѓу Русија и западните земји во речиси секое поле. Тоа остава доста простор за неказнивост во вакви случаи.
Трето, речиси сигурно е дека се работи за некоја група, затоа што сам човек му е потребно многу време да го осмислува ова (или не?).
Четврто, секогаш треба да гледаме на кого му одговара вакво нешто. Според тоа што јас пратев (можеби грешам) на Балканов ова почна во март во Србија непосредно по почетокот на конфликтот во Украина. Имаше неколку лажни дојави за бомби на летови за Москва и Санкт Петербург кои после почнаа да се шират и за други институции пред се школи. После тоа имаше и во Хрватска, Црна Гора, Босна, Македонија...од ова не може баш да се изведе заклучок на кого му одговара ова.
Во секој случај многу ресурси се трошат кои можеби треба да се користат за нешто друго? Да сум јас на позиција после толку долг период на лажни закани би направил проценка дали се реални тие закани, дали постојат такви движења, дали разузнавачите имаат било какви индиции дека нешто би можело да се случи освен овие (навидум) празни закани преку мејл. Би утврдил образец и таквите мејлови би ги игнорирал. Се разбира во исто време би ја зголемил безбедноста на јавните објекти. Се надевам дека тоа го прават во моментов...

одговори 2 лајкови

JamesKirk

poweruser

3,794 пораки 3,975 лајк

одговори Лајк

click to expand...
NecrotoX

Undead

5,589 пораки 6,864 лајк

Зошто изгледа како да го пишувале кромањонци или 10 годишни деца? Смешки :ROFLMAO:

одговори 2 лајкови

click to expand...
Aowek

user

1,215 пораки 1,170 лајк

Веројатно овој мејл не е поврзан со скопските мејлови. Видоа дека не се "способни ' да откријат ништо сигурно и рандом луѓе ќе праќаат мејлови за свои политички цели.

Скопските дојави се преку протон мејл, секогаш во Subject стои Bomb threat или Bomb. Владата се обидела да соработува со Протон но биле одбиени.

одговори 2 лајкови

click to expand...
Ragnar

poweruser

2,569 пораки 3,208 лајк

Веројатно овој мејл не е поврзан со скопските мејлови. Видоа дека не се "способни ' да откријат ништо сигурно и рандом луѓе ќе праќаат мејлови за свои политички цели.

Скопските дојави се преку протон мејл, секогаш во Subject стои Bomb threat или Bomb. Владата се обидела да соработува со Протон но биле одбиени.

И првите што ги објавија од протон мејл беа во овој стил напишани. Личи како некој да ги преведувал т.е. неприродно. Од друга страна некогаш и намерно така прават затоа што од стилот на пишување може да се препознае кој би бил. Вака изгледа како компјутерски генерирана порака.

одговори Лајк

coNNectMKD

user

1,308 пораки 1,546 лајк

Веројатно овој мејл не е поврзан со скопските мејлови. Видоа дека не се "способни ' да откријат ништо сигурно и рандом луѓе ќе праќаат мејлови за свои политички цели.

Скопските дојави се преку протон мејл, секогаш во Subject стои Bomb threat или Bomb. Владата се обидела да соработува со Протон но биле одбиени.

Ако постои вистински сомнеж за тероризам, со судски налог сите се должни да ти дадат информација (или не?). Мислам дека и Протон нема да се труди да се објаснува ако почнат судови да се мешаат но поради фактот што се промовираат како таков бизнис ваљда затоа и таков одговор. Но верувам дека постои опција мирно, без јавноста да дознае т.е без коментари дека Протон соработувал со влада/полиција да се испратат документи.

Али да бидеме реални ова не им е приоритет на нашиве пошто веќе колку, 2 месеци? Истото се дешава секој ден и со прст не мрднале. Ова што го викаме држава на се личи освен на тоа. Никакви институции, никакви правила и политики, без компетентна работна сила, крлежи вработени по министерства и државни институции каде 50% не ни знаат за што се вработени. Затоа цела влада се крсти у запад, мислат они ќе им ги решат проблемите.

одговори 4 лајкови

k
k3b

hello world

404 пораки 331 лајк

Во цела оваа ситуација ако закупи ВПН од Русија, господ не го најдува. Ни суд ни закон

одговори 4 лајкови

Steff_92

hello world

293 пораки 210 лајк

Во однос на мејлот од Куманово кој што стои дека е на gmail, зарем држава не може да побара од Google да им ги излиста сите информации?
Ако еве веќе збориме дека Proton тоа му е бизнисот и не го открива испраќачот (во еден стил како Apple што не го отклучува уредот), ама Google не е таков.

Мене повеќе ми личи дека вработените за ова не знаат што да превземат или пак намерно се крие и има многу поголема сцена зад ова.

одговори Лајк

k
k3b

hello world

404 пораки 331 лајк

Во однос на мејлот од Куманово кој што стои дека е на gmail, зарем држава не може да побара од Google да им ги излиста сите информации?
Ако еве веќе збориме дека Proton тоа му е бизнисот и не го открива испраќачот (во еден стил како Apple што не го отклучува уредот), ама Google не е таков.

Мене повеќе ми личи дека вработените за ова не знаат што да превземат или пак намерно се крие и има многу поголема сцена зад ова.

Доаѓа со некој offhsore vpn, што да му излиста? Ако мислеше на податоците оставени во меилот не се бар толку неспособни кога ко креирале меилот да остават точни податоци

одговори Лајк

Goran995

Баниран/a

1,495 пораки 2,572 лајк

Дечки, заборавате дека постојат и spoofed имејли т.е From полето не ја ни прикажува вистинската имејл адреса.
Убеден сум дека испраќачот нема имејл на Gmail.

  • 3.1 billion domain spoofing emails are sent per day
  • Email spoofing and phishing have had a worldwide impact costing an estimated $26 billion since 2016.

одговори 4 лајкови

click to expand...
coNNectMKD

user

1,308 пораки 1,546 лајк

Доаѓа со некој offhsore vpn, што да му излиста? Ако мислеше на податоците оставени во меилот не се бар толку неспособни кога ко креирале меилот да остават точни податоци

Добро, и? Ако тоа е изговор со месеци свака част.

Значи според нашиве, со еден мочан ВПН и со Протон, можеш да дигнеш 3та светска војна? Во 21 век, 2022 година, НИШТО не е анонимно. Да сакаат, ќе ги најдат. Ако цела држава со месеци не може да се справи со мочани меилови, налет. Ги мучат и децата и родителите со месеци. Поише се замараа за онаа групана на Телеграм него ли за ова.

Па замисли да праќаат меилови до болници? Секој ден ќе ги вадиме болниве надвор па ако господ даде ќе преживеат? Не може така.

одговори 3 лајкови

k
k3b

hello world

404 пораки 331 лајк

Добро, и? Ако тоа е изговор со месеци свака част.

Значи според нашиве, со еден мочан ВПН и со Протон, можеш да дигнеш 3та светска војна? Во 21 век, 2022 година, НИШТО не е анонимно. Да сакаат, ќе ги најдат. Ако цела држава со месеци не може да се справи со мочани меилови, налет. Ги мучат и децата и родителите со месеци. Поише се замараа за онаа групана на Телеграм него ли за ова.

Па замисли да праќаат меилови до болници? Секој ден ќе ги вадиме болниве надвор па ако господ даде ќе преживеат? Не може така.

Другар кој не сака да заврши? Секој нормален би го осудил ова. Пишав и погоре, што ако е ВПН ор Русија? Не само ние туку никој нема да се справи во оваа ситуација.

одговори Лајк

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top