0 коментари 1 мин. читање 13 декември, 2022

Детални и квалитетни панорами со 360 Gigapixels

Доколку немате можности да патувате, но имате желба да разгледате квалитетни панорами во 360 степени, тогаш Gigapixels е сајт само за вас!

Gigapixels е видео галерија која прикажува панорани во 360 степени. Со оглед на тоа да квалитетот е исклучително висок, лесно можете да го ротирате и зумирате погледот. Наспроти она што името на сајтот би можело да алудира, панорамите не се со резолуција од 360 гигапиксели, туку од 3 до 5 гигапиксели.

Со самото посетување на сајтот, по случаен избор ќе биде вчитана една панорама, но лесно можете да шетате и да одбирате места како најразлични градови, стадиуми, внатрешни места, како цркви и катедрали, или пак вонземни снимки, како тие од планетата Марс.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top