Преглед: Web 2.0 Expo NY 2008

во Статии

{mosimage}Од 16 до 19 Септември во Javits центарот во Њујорк се одржа конференцијата Web 2.0 Expo NY. Настанот има за цел да ги поврзе сите учесници во создавањето на веб 2.0 генерацијата. Огромен број на сесии, дискусии на теми околу следната генерација на вебот, панели, споделување на позитивни и негативни искуства, промовирање на иновации, дружење, можности за склучување на соработки и ширење на познанства, како и презентации од експерти во индустријата беа само дел од случувањата на овогодинешната Web 2.0 Expo NY конференција на која присуствуваа над 3.000 посетители.

Овој вид на настани од 2007 година се одржува во Сан Франциско во месец Април и секогаш го привлекува вниманието на влијателните и успешните фигури од индустријата. На овaа конференција може да присуствувате само доколку докажете на некој начин дека сте поврзани со веб 2.0 и влијанието на интернет технологиите. Оваа година настанот за прв пат се одржа во Њујорк, а во блиска иднина се планирани и слични собири во Берлин (Октомври) и Токио (Декември). Web 2.0 Expo конференциите се организирани од страна на TechWeb и O`Reilly media и се промовирани како настани каде што дизајнери, девелопери, програмери, бизнисмени, економисти и инвеститори ќе имаат можност на едно место да ги дискутираат разните проблеми и можности создадени од феноменот веб 2.0.

{mosimage}

Прв ден
Првиот ден од конференцијата, вторник 16-ти Септември, започна рано наутро со три-часовни работилници на теми кои дискутираа на неколку клучни прашања присутни во веб 2.0 трендот. Во првиот дел од денот, пред ручекот, се одржаа работилниците на кои се дискутираше за тоа како да се создадат следните генерации на веб 2.0 апликациите, за онлајн заедниците, дизајнирање и развој на иднината на мобилноста, како и работилницата на Charlie O’Donnel и Albert Wenger наречена "Вистински примери за можности за започнување на нови компании" која привлече големо внимание.

По ручекот, започнаа работилниците за JavaScript библиотеки, привлекување на бесплатен интернет сообраќај преку интернет пребарувачи, како да се дизајнира за веб заедници, практични начини и пристапи кон веб архитектури и промените во организациското работење заради веб 2.0.

Работилниците кои навистина презентираа обилни информации завршија околу 4:30 часот, а со тоа заврши и првиот ден од Web 2.0 Expo NY на кој присуствуваа очекувано "скромни" (споредено со останатите два дена) 1.000 луѓе. Причината за ваквата посетеност беше тоа што овие работилници беа овозможени за дополнителна цена.

Втор
ден

{mosimage}

Денот започна со појадок, а потоа започнаа и едночасовните сесии презентирани од разни експерти меѓу кои можеа да се пронајдат и веб архитектот на Flickr, создавачот на A.viary.com, JavaScript евангелистот на фондацијата Mozilla, создавачот на BaseCamp,
ко-создавачите на iLike и многу други влијателни лица. Денот го сочинуваа вкупно 30 сесии кои ги покриваа скоро сите можни теми поврзани со следната веб генерација, започнувајќи од модерните начини на маркетинг до складирање на екстремно големи податоци. Посетителите немаа можност да ги следат сите конференции, туку ги одбираа оние кои им беа од посебен интерест.

По првата рунда на сесии, беше отворена и таканаречената "не-конференција" Web2Open која беше организирана и поддржана од самите посетители на Web 2.0 Expo NY кои имаа можност зависно од распоредот на јавно истакнатата табла, да презентираат свои идеи и искуства во една од трите простории овозможени за оваа цел. Интересно, оваа не-конференција поттикна огромен број на интерест и одлични теми кои можете да ги погледнете на следниот линк.

Започнувајќи од 11 часот, беше отворена и саем салата на која беа истакнати штандовите на повеќе од 100 учесници (за целосна листа тука). Како и на секое вакво случување, доминираа штандовите на неколку големи компании. На штандот на Microsoft, кој секогаш беше опкружен со голем број на луѓе, беа презентирани Internet Explorer 8, Silverlight, ASP, и иновацијата која остави огромен впечаток кај сите, Microsoft Surface:

{youtube}dJ4nW-_Gom4{/youtube}

Од останатите, голем интерест кај посетителите побудиjа и штандовите на Sun Microsystems, SalesForce.com, S60, O`Reilly Media, Intel, IBM, HP, eBay и Amazon.

{mosimage}

Занемарувајќи ги звучните имиња, меѓу толпата од 100 штандови, исто така се истакнаа и:

Present.ly – сервис за микро-блогирање наменет за бизниси и корпоративни комуникации
Amuso – друштвена мрежа наменета за промоција на сите идни ѕвезди, создадена од двајца поранешни вработени во Yahoo!
Sightix – нов сервис кој има за цел да го подобри пребарувањето низ друштвените мрежи
LiveBar – иновативен сервис кој чека одобрение за да биде патентиран. Статус бар кој се појавува на вашата веб страна и им овозможува на посетителите директно да комуницираат и да се поврзат со вашиот сајт.
Twing – сервис наменет за подобро пребарување на форуми
ProtoShare – сервис наменет за колаборација во реално време
Sweemo – сајт сличен на eBay но наменет за продажба/купување на вистински животни искуства
KonoLive – инстант проект менаџмент сервис

Саемот кој беше отворен од 11 до 6 часот попладне, претставуваше одлична можност посетителите да се запознаат подобро со изложените производи и сервиси, директно да поразговараат со нивните создавачи и менаџери и на лице место да се уверат дали продуктот ги задоволува нивните барања.

Нешто пред 3 часот започнаа и презентациите на главните спикери на конференцијата, кои за овој ден беа:

{mosimage}

  • Fred Wilsonинвеститор и член на бордот на Alacra, Comscore, iBiquity и Return Path
    Во својата презентацијата, Fred Wilson се обиде да ги објасни разликите помеѓу технолошките иновации на источниот и западниот брег, каде што се наоѓа Силиконската долина. Њујорк, иновативен центар на светот опишан според зборовите на многумина, сепак далеку заостанува во ИТ иновациите споредено со Силиконската долина. За да ја поттикне публиката и да им посочи директни примери со кои можат да се поврзат тој се насочи кон презентирање на њујоршката веб индустрија од 1995 година до денеска.

{mosimage}

  • Deborah Schultz консултант и стратегист на полето на технолошки иновации и нови технологии
    Нејзината презентација, иаку малку оскудно презентирана, зборуваше за трансформацијата на нашите животи и влијанието на технологиите кое тие го имаат над нас. Таа исто така ја истакна важноста на персонализацијата и интерконекцијата помеѓу луѓето. Исто така од нејзина страна беше посочено дека живееме во малку покомплексен свет од било кога и дека многу важни делови од нашиот свет се основаат на дилемите дали да се претплатиме на некој RSS канал, дали да прифатиме нечие онлајн пријателство или да одбиеме и слично… Со ова Deborah Schultz се обиде да појасни дека треба да ја најдеме златната средина помеѓу реалното и бинарното и да го оддржиме тој баланс..

{mosimage}

  • Jason Friedосновач на компанијата 37 Signals
    Jason имаше интересен пристап кога излезе на сцената… првото прашање кое го постави на публиката беше: "Колку од вас се дел од софтверскиот бизнис?", по мал преглед на кренатите раце, да каже "Вие сте е*ано многу среќни." Продолжувајќи, тој објасни дека создавачите на софтвер имаат можност да создадат што и да замислат и дека немаат потреба да се грижат за физика, за материјали и слично. Неговата презентација се концентрираше на споделување на совети за развој на софтвер. Една од клучните поенти која Jason Fried ја посочи е дека луѓето треба да размислуваат добро при развој на продукти, треба да слушаат дел од корисниците и дека треба да имаат дисциплина да го оддржуваат продуктот едноставен и да одбијат огромен број на нови функции кои само ќе ги комплицираат работите.

{mosimage}

  • Maria Thomas – извршен директор на Etsy.com
    Maria Thomas презентираше неколку совети за сите кои имаат желба да создадат своја успешна компанија. Нејзините совети беа дека секој бизнис треба да има зацртани цели, да ги почитува, да верува во своите вработени и подобро да ги запознае, да ги почитува и слуша своите корисници, но и да знае кога корисниците не се во право. Таа исто така посочи и дека иаку навистина е тешко да се оствари, бизнисите едноставно мора да се научат на брз начин да пласираат продукти.

  • Gary Vaynerchuk – создавачот на WineLibrary.TV
    Презентацијата на Gary Vaynerchuk беше дефинитивно една од најинтересните и најзабавните на целата конференција. Поддржувајќи ја идејата: "Работете го тоа што го сакате или дајте отказ" тој, со многу енергичен настап, се обиде да им покаже на посетителите дека со желба за успех, се може да се постигне и да успее. Ако тој може да успее со продавање на вино, зошто не и вие со вашата идеја?

    Оваа презентација, која имаше многу добри заклучоци, најдобро би ја презентирал на овој начин:

Оваа презентација која заврши во 4:00 часот беше и последната за овој ден, а од 4:00 до 6:00 учесниците имаа можност повторно да ги посетат штандовите на саемот, кои овојпат служеа коктели и пиво за да поттикнат подобра комуникација меѓу учесниците. :-)

Започнувајќи од 7:30 – 10:30, се одржа и официјална Web 2.0 Expo NY забава спонзорирана од Microsoft на која најважен елемент беше заледена фигура која течеше алкохол.

{mosimage}

Трет
ден

Овој ден започна со спротивен редослед спореден со претходниот ден – прво беа претставени главните презентации, а подоцна следеа сесиите. Главни спикери за денот беа Tim O`Reilly и Clay Shirky, а исто така на големо изненадување на публиката беше претставен и трет спикер – еден од инжинерите на тимот на Google Chrome кој одржа своја презентација која не беше претходно планирана. а по нивните презентации се одржаа 39 различни сесии. За време на сесиите беше и саемот.

  • Tim O`Reilly – создавач и извршен директор на O`Reilly Media Inc.
    Тim O`Reilly зборуваше за проблемите во светот и како ИТ технологијата и трендот веб 2.0 може да помогне за нивно решавање. Тој посочи дека иноваторите треба да работат на покорисни работи и дека не треба да си го трошат времето и ресурсите на развој на разни, практично бескорисни апликации. Како одличен пример тој ги посочи проектите Quake Catcher Network на Станфорд Универзитетот
    и InSTEDD. Одличен беше и примерот за како еден студент создал компјутер базиран на сензор кој ја прати достапноста на машините за перење на својот колеџ, и тие информации ги пренесува преку Twitter.

Еве ја целосната презентација на Tim O`Reilly:


  • Clay Shirky – американски писател, консултант и професор за нови медиуми на Њујорк Универзитетот
    Светски познатиот писател во својата презентација зборуваше за проблемот со пренатрупување на информации и како од сето она што е објавено да го одбереме тоа што ни е навистина потребно. Тој посочи дека сепак објавувањето не е вистинскиот проблем, туку нивното филтрирање. Потребата од подобри филтери за содржини и за приватност беше клучната поента на неговата презентација. Clay Shirky исто посочи и дека заради сета оваа веб 2.0 иновација, нашите лични животи не се повеќе толку лични. А ја објасни и потребата од ментално прифаќање на промените која беше уште една добра поента која тој ја посочи, објаснувајќи го примерот како Facebook не треба да се опише како обичен сајт со повеќе опции, или како некој друг веќе постоечки сервис, туку Facebook е баш како Facebook и дека треба да го прифатиме тоа.

Неговата презентација:

Четврт
ден

Последниот ден од Web 2.0 Expo NY помина малку повлечено, саемот беше затворен, бројот на сесии беше минимален, но затоа беше придадено огромно значење на главните спикери кои во десет минутни презентации, освен онаа со Tim O`Reilly и Arianna Huffington која траеше 25 минути, ги опишаа своите искуства и размислувања.

Од 8-те денешни спикери, особено внимание привлекоа:

– Презентацијата на Jay Adelson од Digg, кој зборуваше за како треба да организирате хаос
– "Повторно создавање на интернетот и иднината на информацијата" – презентација на Genevieve Bell од Intel
– "Затоа што ве правиме среќни" од Ben Huh од Icanhazcheezburger.com

Искористете го веб 2.0 и спасете го светот
Настанот се случуваше за време на можеби една од најголемите финансиски кризи во САД, и тоа особено на Вол Стрит, но сепак успеа да остави впечаток дека технологијата и веб 2.0 начинот на работење имаат потенцијал да влијаат и на офлајн случувањата во светот, и особено да помогнат во решавањето на глобалните проблеми.

Најдобриот заклучок би можел да се изведе од презентацијата на Tim O`Reilly која остави огромен впечаток кај сите. Практично, како што вели тој, за да се оствари тој потенцијал потребно е да ги насочиме нашите иновации во тој правец и да престанеме да трошиме време на апликации кои само би не направиле популарни на 5 минути без никакви дополнителни ефекти, покажувајќи пример на Facebook апликација.

Дополнително, неколкуте заклучоци кои се повторуваа во повеќе делови од Web 2.0 Expo NY беа:

  • слушајте ги своите корисници и грижете се за нив, без нив ниту вие ниту вашиот веб 2.0 сајт не вредат
  • нека секој ваш проект има цел и нека има огромно влијание
  • создадете бренд кој ќе ги смени позитивно нашите животи
  • имајте на ум што сакате и до каде можете да одите, не крадете примери од други успешни приказни, бидете свои и бидете иновативни
  • научете се како да ги филтрирате информациите околу вас, не трошете време на бескорисни работи

Додаток:
За слики од конференцијата Web 2.0 Expo NY кликнете тука.
За презентации на спикерите на настанот тука.
За видео од сите главни спикери, кликнете тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Moodle Specialist
1 year ago

To excel in the pharmaceutical representative job search, start by obtaining a relevant degree and networking within the industry. Customize your resume and cover letter, highlighting your product knowledge and communication skills. Research companies thoroughly and consider informational interviews. Stay persistent and informed about industry trends to enhance your chances of securing a position. Moodle Specialist