0 коментари 6 мин. читање

Нов прозорец кон Apple светот

{mosimage}На 18.09.2008 година во Скопје е отворен нов Apple продажно – изложбен салон. На промоцијата беше изложен најголемиот дел од палетата производи на Apple, производител кој е особено ценет во светски рамки, а релативно послабо познат кај нас.


Зошто
велам послабо? Земајќи ја в предвид целокупната палета на Apple, најпознати
производи се iPod моделите и во последно време, iPhone.
Недоволно и незаслужено.

Но,
искра надеж дека ќе се поправат работите даваат токму наменските салони од овој
тип. А во тој поглед iZak е на вистинскиот пат.
iZak (како што е името на салонот) е лоциран во
Градскиот Трговски Центар, во сутеренот, кај самата автобуска станица. Одлично
избрана и општопозната локација, пристапна и фреквентна. И што е најбитно,
самиот салон е релативно голем.

{mosimage}

Веќе
на прв поглед е јасно дека при осмислувањето на салонот се тргнало од поинаква
гледна точка. Концепцијата на салонот отстапува од стереотипите кога се во
прашање салони од овој вид. Концепциски е поделен на три дела – канцелариски,
продажен и, што е релативно ретко кај нас – презентациски.

Презентацискиот
дел му дава посебна нота на целиот простор. Вкусно уреден, овозможува да се
испробаат производите во релаксирана атмосфера налик на домашната.

Што
можете да видите во iZak? На располагање е целата iPod
палета, со дополнителна опрема и галантерија, меѓу кои и мини микс пулт за два iPod-а.
Од системите тука се неизбежните MacBook Black и MacBook Air лаптоп, неколку типични Apple десктоп
системи и најмалиот десктоп систем на светот – Mac Mini.

Не
се изоставени ни Apple периферните уреди.  – Apple TV дигитален
медиски рисивер (мрежен уред кој овозможува репродукција на дигитален материјал
од компјутер со Mac или Windows оперативен
систем и на HD Widescreen приемници),
безжични мрежни уреди (Apple AirPort Extreme – безжичен Acces Point), Apple Time Capsule (мрежен хард диск со
капацитет од 500 GB па до 1 TB, со стандарден
жичен и безжичен 802.11n интерфејс), Mighty mouse глувчиња….доволно,
претпоставувам?

{mosimage}

Љубителите
на добриот звук во автомобилите можат да одберат некој модел од програмата на Alpine кој воедно е и iPod-ready. A
со оглед дека навигациските уреди полека но сигурно се шират и на нашето
подрачје, автомобилот може да го опремите и со соодветен систем од програмата
на Garmin.

Секако
дека ова не е се. За повеќе детали обратете се во iZak
салонот. Или кај нашата колешка од форумот, Сања Заковска алиас StarBuck, чиј
брат Игор е сопственик на салонот.

Отварањето
на салонот беше прилика да поразговарам со нив. А што разговаравме погледнете во
интервјуто кое следи.
За
крај останува само да им посакаме многу успех во работата и што подобра
промоција на Apple.

{mosimage}

Од каде
идеjата за ваков вид
салон? Веќе на
прв поглед е јасно дека отстапува од вообичаените шаблони, оние на кои сме
навикнати и кои секојдневно ги гледаме.
Од како решивме дека ќе отвараме салон, знаевме дека за
да бидеме успешни ќе мора да направиме нешто што е надвор од стандардните
граници на салон за електрониски уреди. Бидејќи салонот е доволно голем, имавме
доволно простор да го поделиме на 3 главни дела каде што едниот е канцеларски
простор, вториот е простор за презентации и секако изложниот дел.

Кажи ни
нешто повеќе за трите дела во салонот.
Канцеларискиот дел е направен затоа што iZak како фирма нуди
и солуции. За почеток имаме вработено двајца во IT одделот, кои моментално имаат неколку веб страни за
изработка и оддржување. Се надеваме за понатака дека тој тим ќе се зголеми и ќе
може меѓу другото да нудиме и софтверски солуции. Вториот дел од салонот,
просторот за презентации е главното што го прави салонот поинаков од другите.
Имаме во план два до трипати во месецот да држиме мини интерактивни
курсеви-презентации на различни теми (користење
на Mac софтвер,
манипулирање на хардвер и слично), на кои што ќе бидат поканети нашите корисници. Третиот дел во салонот е делот каде што се изложени производите од Apple.

Кои
производи поточно им ги нудите на вашите корисници?
Од палетата производи на Apple нудиме скоро се. Повеќето од производите кои што ги
немаме можат да се нарачаат, со исклучок на iPhone кој сеуште е болна тема за македонскиот пазар. Меѓу
другото нудиме и разни аксесоари за Apple
компјутери како и за iPod,  и останати мултимедијални производи.  И секако, во понуда може да се најде
и се останато од ИТ светот што мислиме дека
е интересно и привлечно за зависниците од ваков тип на опрема.

Што е тоа
што го нудите како поддршка за корицниците?
Сакаме во секој момент да оддржуваме близок контакт со
нашите корисници, со тоа што во салонот постојано ќе има човек кој што ќе може
на корисникот да му помогне со било каков проблем кај набавената роба. Во таа
помош спаѓаат on-site инсталации
и помош, on-line поддршка
која ќе биде достапна со активирањето на веб страната www.izak.com.mk а исто
така во скоро време очекуваме да сме комплетно сертифицирани за AASP (Apple техничка поддршка).

Дали на
страна од индивидуалните потрошувачи имате нешто да им понудите и на фирмите?
Со оглед на тоа дека многу фирми ширум светот го прават
изборот за користење на Apple
во работната атмосфера, мислам дека имаме многу да им понудиме. Особено ме
радува тоа што неколку фирми кај нас веќе се имаат решено на тој чекор, и
најчесто користат производи од iMac
серијата која е најпопуларна меѓу медиа, музичките, и маркетинг куќите.
Морам да напоменам дека на фирмите кои што се заинтересирани за нашите
производи со задоволство ќе им закажеме термин во нашиот салон каде што
соодветните производи ќе им бидат презентирани.

На што сметате дека се должи релативно слабата
застапеност на Apple како бренд и Macintosh оперативните
системи кај нас?
Најголемиот
проблем
кај
застапeноста лежи во скептицизмот на луѓето. Меѓутоа, Тоа што е битно е дека таа негативност е од страна на можните застапници за Apple, а не од страна на купците. Причината за тоа е дека уште во самиот старт, застапниците се плашат од неуспех и ги потценуваат купувачите. Секако, продажбата на Apple не е нешто што лешно може да се направи на нашиот пазар, со тоа што се потребни маркетинг кампањи и слично со цел да се известат Apple љубителите за можностите кои што им ги нудиме. Во врска со оперативните системи, мислам дека најголемата причина за скептицизмот кај корисниците е немањето на можност да се проба и користи OS X. Верувам дека голем број на луѓе би се согласиле дека OS X е одличен оперативен систем, само доколку би ја имале можноста да стапат во контакт со него, а тоа е една од можностите кои им ги нудиме во нашиот салон. Додатно, важен фактор е и непознавањето на можностите кои сто OS X-от ги нуди, како на пример паралелното користење на Windows и друг оперативен систем на него и користењето на голем број на апликации познати за Windows корисниците како Office, Adobe и слично.

Што мислите, каква е иднината на овие два бренда кај нас – дали ќе успеат да ги “побијат” стереотипите и да искоренат една општа навика да не се менува она што е веќе познато. Дали ќе успеат да ги разбудат заинтересираноста и желбата за истражување на нешто ново?
Се
надеваме
дека ќе биде така, сепак на крајот, само љубопитните ја имаат привилегијата на избор.

За повеќе слики од отворањето, прегледајте го сетот "Отворање на iZak" на Flickr, или пак Facebook групата на компанијата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top