1 коментар 2 мин. читање 31 октомври, 2022

Префрлувајте огромни фајлови со WeTransfer

Во ситуации кога е потребно да испратите големи фајлови, WeTransfer се истакнува како еден од подобрите сајтови. Како што можеби знаете, одредени фајлови знаат да бидат значително поголеми и ниту можат да се испратат преку социјалните мрежни, ниту пак преку е-поштата. Тука стапува на сила WeTransfer!

Преку сајтот лесно, безбедно и бесплатно ќе можете да поставите и споделите најразлични мултимедијални податоци чија големина е до 2GB. Поставените податоци се достапни за преземање во наредните седум дена, по што неповратно се бришат. Како додатен безбедносен бонус, фајловите можат да се заштитат со лозинка.

По посетување на сајтот, едноставно вметнете го мејлот на кого го праќате големиот фајл, вашиот имејл, порака и потоа кликнете на + копчето за да го поставите фајлот. Откако ќе биде извршено поставувањето, со кликнување на копчето Transfer, корисникот на впишаниот имејл ќе добие известување и инструкции за преземање на фајлот.

Доколку решите да се претплатите, ќе можете да поставувате и споделувате исклучително големи фајлови. Па така, претплатата од 10 долари ви дозволува споделување фајлови до 200GB, а претплатата од 20 долари е без никаков лимит.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
mihovkris
mihovkris
3 years ago

ufile е подобра. 5ГБ лимит :)

Мени
Заедница
Изглед
To top