Пред дваесет години, три штотуку дипломирани студенти на UCLA решиja да отворат своја компанија за видео игри. Нивната цел беше да прават добри видео игри и да се забавуваат додека го работат тоа што го сакаат. Компанијата е основана под името Silicon & Synapse од основачите Мајкл Морхајм, Ален Адам и Френк Пирс кои во почетокот работат на адаптација на видео игри од други комании. Во адаптираните игри кои ги изработиле спаѓаат Battle Chess II: Chinese Chess, Castles и The Lord of the Rings, Vol I на Толкин.
Во 1992 и 1993 година ги издадоа своите први игри – Lost Vikings и Rock and Roll Racing. Lost Vikings е логичка аркадна игра во која играчите ги контролираат Eric the Swift, Baelog the Fierce и Olaf the Stout. Тројцата имаат различни моќи кои играчот треба да ги искористи за да ги реши загатките и да ги спаси од рацете на нивниот киднапер Tomator. Тројцата Викинзи се едни од омилените ликови на дизајнерите во Blizzard и можеби сте ги забележале и во некои понови наслови.




Тројцата викинзи се појавуваат и во World of Warcraft
Најголем хит на Blizzard секако е World of Warcraft, ММО поставена во светот кој почнаа да го презентираат 10 години пред издавањето оваа игра. Со над 11,1 милиони играчи кои играат WoW секако е најуспешната онлајн игра до сега. Играта е во својата четврта експанзија и веќе одамна ги надмина рамките на оригиналниот универзум поставен од Warcraft: Orcs and Man.
WoW e најпродаваната игра за 2005 и 2006 година за PC и според пресметките има 62% од вкупната популација на MMORPG со претплата.
По дваесет години и повеќе хит игри, јасно е дека тројцата студенти успеале во својата намера, не знам дали се забавуваат, ама секако прават едни од најдобрите игри денес и можеби и во иднина. Во исчекување сме на Diablo 3 и на новиот MMO проект Тitan.

Lost Vikings – колку јака игричка беше таа.