0 коментари 2 мин. читање 26 мај, 2020

Правете бекап на податоци со Karen’s Replicator

Во случај да имате важни податоци, се препорачува користење на одреден програм за бекап каде, доколку стапи на сила несаканото, лесно да можете да ја повратите вашата колекција од фотографии, видеа, документи, и слично.

Karen’s Replicator е моќна алатка која ќе се погрижи вие никогаш да не се грижите за губење на податоците. По покренување на апликацијата, кликнете на копчето Edit Settings. Ова ќе ви дозволи да ја го отворите прозорецот за вметнување нови активности. Кликнете на New Job од каде ќе можете да одберете на кој фолдер да се прави бекап. Потоа, со кликнување на копчето Next, ќе можете да одберете каде да биде сочуван бекапот. Можете да наместите одредени видови на фајлови да бидат прескокнувани и да не им се прави бекап (преку опцијата New File Filter), како и да наместите за одредени видови фајлови почесто да се прави бекап, а за други поретко (преку Change Schedule).

Кога ќе завршите со сите промени, кликнете на Save Job, а потоа на Save Changes and Close за да се вратите на главното мени. За крај, можете да започнете со бекапот преку кликнување на копчето Run Highlighted Jobs Now.

Karen's Replicator v3.7.6 screenshot
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top