2 коментари 1 мин. читање

Прашајте го Марк Закерберг

Секој четврток сите вработени во најголемата друштвена мрежа Facebook добиваат шанса да му постават било какво прашање на основачот Марк Закерберг. Следниот четврток, 6 ноември, Марк сака да ја прошири оваа пракса и ќе им дозволи на сите корисници на мрежата да постават прашања на кои тој ќе одговара.

Со оглед на тоа дека сепак нема бесконочно долго време да одговара на прашањата туку само едн час, ќе бидат одбрани најдобрите прашања, а г. Закерберг ќе одговори на нив. Покрај поставување на прашања можете и да ги лајкувате. Тој ќе одговори токму на прашањата со најголем број на лајкови, на стрим во живо во 23:00 по македонско време.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top