0 коментари 2 мин. читање 3 ноември, 2014

Креаторот на Android го напушта Google за да почне инкубатор за стартапи

По 18 месеци откако стана шеф на одделот за роботика на Google и Google X лабораторијата, и без никаква претходна најава, Енди Рубин и Goole тргнаа по различни патишта. Поранешниот шеф на Android по заминувањето од Google ќе креира инкубатор за хардвер стартапи, јави Wall Street Journal.

Г. Рубин е познат како еден од основачите на Android Inc, првиот Android оперативен систем. Откако го купи Google, г. Рубин стана шеф на Android и помогна да ја направи најкористената мобилна платформа. Тој беше задолжен и во одделот за роботика на Google кој во тој период стана сопственик на добар дел од најветувачките стартапи и компании кои работат на ова поле: DeepMine Technologies, Schaft Inc, Boston Dynamics, Industrial Perception, Redwood Robotics, Meka Robotics, Holomini и Bot & Dolly. Сепак во овој период немавме можност да видиме најава за проект од Google, ниту пак е јасно колкаво влијание има г.Рубин во креирањето на роботите и водењето на одделот, па не се знае колкава дупка ќе остави неговото заминување. На местото на Енди Рубин во одделот за роботика доаѓа Џејмс Кафнер.

„Му посакуван на Енди се најдобри во што и да прави следно. Со Android направи нешто неверојатно – со над милијарда задоволни корисници. Ти благодарам!“, вели Лари Пејџ.

Ова е втора голема промена во раководството на Google откако неодамна Сундар Пичаи доби куп нови задолженија. Покрај Chrome, Google Apps и Android, сега г.Пичаи е задолжен и за Google+, пребарувањето, Google Maps, инфраструктурата и Google Ads.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top