0 коментари 2 мин. читање 8 ноември, 2022

Позајмете го гласот на познатите личности со FakeYou

FakeYou е веб сајт кој ви дозволува да одберете музичар, актер, лик од некоја игра или аниме и потоа да напишете одреден текст кој ќе биде прочитан со гласот кој сте го одбрале.

Секоја категорија има поткатегории. Па така, доколку одберете музичари имате на располагање подкатегорија од жанрови и, на крај, неколку пејачи за кои ќе се одлучите да им го позајмите гласот.

Аудиото засновано на напишаниот текст се генерира релативно брзо. За финалниот резултат можете да добиете линк и опција за преземање. Доколку сакате, можете и да го клонирате вашиот глас, или гласот на вашите најблиски.

Иако некои резултати се навистина импресивни, повеќето се чудни и неприродни, иако нема сомневање дека потсетуваат на вистинските личности кои го позајмуваат гласот. Останува да се види до кој степен ќе еволуира ваквата технологија и дали ќе дојде моментот кога ќе биде забрането да се користи.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top