PowerWash Simulator 2: Темелно чистење по втор пат

во гејминг

По неочекуваниот успех на својот претходник, PowerWash Simulator се враќа со продолжение кое ја крева релаксирачката формула на едно целосно ново ниво.

Благодарение на едноставната, но неверојатно задоволувачка идеја каде чистите валкани површини под висок, воден притисок, оригиналната игра позитивно ги изненади фановите и инстантно стана феномен. По серија од бројни платежни и бесплатни додатоци, време е да се понуди нешто ново.

PowerWash Simulator 2 не отстапува од истата идеја, туку само ја надградува и проширува со нови локации, подобрена опрема и функции, правејќи го самостојното или заедничкото искуство уште позабавно и порелаксирачко.

Смирувачката енергија на водата

Како што напоменавме, клучните гејмплеј механики и понатаму се „вртат“ околу методично отстранување на слоеви нечистотија од различни објекти и околини, дозволувајќи ви да извлекувате примарно задоволство од трансформацијата на валканото во блескаво чисто. Во PowerWash Simulator 2, пак, завршувањето на еден дел задачи отклучува нови области, како што се ентериери на возила или дополнителни соби.

Повеќеслојноста која произлегува од овој елемент, знае да биде пријатно изненадувачка и да наметне посилно чувство на прогресија во рамките на едно ниво. Исто така, за да се справите со поголемите и посложени предизвици, арсеналот е проширен со нови алатки. Па така, системот за спуштање со јаже и дигалката овозможуваат пристап до тешко достапни места, додека чистачот за големи површини значително го забрзува целиот процес на чистење. Тука некако, мора да го споменеме и „поквалитетнио“ сапу кој сега поефикасно се врзува за тврдокорните дамки, правејќи го чистењето уште помазно.

Силна повратна визулена информација

Подразбирливо, за да го добиеме посакуваното задоволство од чистите површини потребно е и графиката да е убава и соодветно да ги прикажува таквите процеси. Во двојката, слично и на оригиналната, фокусот е на стилизирана естетика која го нагласува контрастот помеѓу валканото и чистото. Графичкиот дизајн е фокусиран на деталите на нечистотијата и сјајот на површините по чистењето. Звучниот дизајн е еден од најсилните аспекти, потпирајќи се на амбиентални звуци и, секако, на хипнотизирачкиот шум на водата под притисок. Секоја површина, независно од тоа дали се работи за метал, дрво, бетон или нешто сосема четврто, произведува различен звук, создавајќи неверојатно реално и смирувачко искуство.

Нови светови и социјални функции

Овојпат, двојката ве носи надвор од границите на Макингам, воведувајќи целосно нови светови како што се Sponge Valley, Power Falls и Lubri City. Секоја локација нуди уникатни предизвици и визуелен стил, обезбедувајќи разновидност во 38-те мисии кои се дел од новата кампања. Еден од најзначајните и најкул новитети е персонализацијата на домашната „база“.

Имено, по напорниот ден, можете да се опуштите во вашиот личен простор, да го декорирате со мебел и предмети што ги собирате. Но, што ќе ви е сета таа убавина ако не можете да се флексате со неа? Поради тоа, ќе можете и да ги поканите вашите пријателите да го видат вашиот рај. А, во моментот кога вашите пријатели ќе заминат, ќе можете да им ја посветите вашата невозвратена љубов и на некое од неодоливо слатките мачки.

Најголемиот напредок и најсветлата точка е токму во меѓусебната дружба и заедничката соработка. За прв пат, кампањата може да се игра кооперативно со целосно споделена прогресија. Покрај онлајн играта за до четири играчи, воведена е и опција за играње на поделен екран. Како една од најдолго посакувани фукнции, особено мило ни беше што конечно се овозможува, пример, двајца играчи да чистат заедно на иста конзола преку split screen. Медитативното соло искуство конечно може да стане и забавна социјална активност.

Доколку сте во потрага по нешто што ќе ви помогне да се опуштите по стресен ден, доколку барате игра која нуди чисто, нефилтрирано задоволство преку едноставни, но, мора да потенцираме, забавни активности, тогаш PowerWash Simulator 2 е вистинскиот избор. Чедото на FuturLab е совршен дигитален антидот за хаосот на модерниот живот. Со проширените механики, новите алатки и, најважно од се, со робусните мултиплеер опции, PowerWash Simulator 2 ја надградува докажаната формула и се позиционира како врвно релаксирачко искуство. Топло ја препорачуваме на сите љубители на оригиналната игра, но и на оние кои бараат поинакво, мирно и неверојатно задоволувачко искуство надвор секојдневните стресни ситуации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk