Facebook и HTC работат на уникатен производ кој ќе работи на оптимизиран Аndroid кој ќе ги искористи сите функционалности на Facebook, пишува DigiTimes повикувајќи се на извори од мобилната индустрија.
Ова се нови гласини за Facebook телефон кој уште во 2010 година беше отфрлен од основачот на мрежата, Марк Закерберг. Но, тоа беше пред две години кога Facebook не беше толку фокусиран на влијанието и приходи од мобилниот пазар, туку бројот на корисниците им беше најважен.
Изворите на DigiTimes велат дека Facebook телефонот ќе се појави при крајот на 2012-та. Ќе биден произведен од HTC, кои беа и призводител на првиот Nexus телефон на Google. Сега Google соработува со Samsung кој е најголем и најпопуларне производител на Android уреди.
HTC има претходно искуство со Facebook брендирани телефони. Тајванскиот призводител претходно ги претстави Salsa и Chacha уредите кои имаа посебно физичко копче кое веднаш ги води корисниците на Facebook. Но, тие телефони не доживеаја некој посебен успех.







