SkyDrive, Dropbox, Google Drive, iCloud… кое е најдоброто веб складиште?

во Веб, Совети, Статии

Да бидам искрен, го обожавам Dropbox кој го користам веќе неколку години и никогаш не размислував на други веб складишта бидејќи имав неколку гигабајти, имав синхронизиран фолдер на десктоп и тоа ми беше доволно. Но, сега се појавија уште слични сервиси кои ме ставија на мисла бидејќи се од поголеми компании и се интегрирани со други сервиси и нудат нешто повеќе од само складирање фајлови на веб.

Аpple го претстaви iCloud кој е поврзан со iTunes. Мicrosoft го надогради SkyDrive, а од вчера Google го претстави Google Drive кој е интегриран со Docs. Amazon си претстави Cloud Drive кој е интегриран со нивната продавница. Покрај овие постојат SugarSync кој дозволува повеќе компјутери да бидат поврзани со исти фолдери, и Box кој понуди 50 GB простор за Android. И секако тука е Dropbox.

Како што гледате, има куп сервиси од различни компании, сите со различни опции, но сите исти во својата функционалност – тие обезбедуваат личен простор од неколку гигабајти на веб каде што може да закачите фајлови на кои може да им пристапите од било каде. И сите имаат мобилни апликации.

Тогаш, кој е правиот сервис за вас? Најважното е секако колку простор нудат и за колку пари. Еве како се споредуваат. Ќе започнеме со најновиот:

  • Google Drive нуди 5 GB бесплатен простор, се доплаќа 2,5 или 5 долари месечнo за 25, односно 100 GB, или 50 долари месечно за еден терабајт. Големите компании може да купат максимално 16 терабајти за 800 долари месечно. Има десктоп интеграција со Windows и Mac, интеграција со Google Docs за соработка. Може да се закачи фајл со лимит до 10 GB.
  • Dropbox дава бесплатни 2 GB кои со промоции можат да бидат 18 GB, се плаќа 10 долари месечно за 50 гигабајти, или 20 долари за 100 гигабајти. Има интеграција со десктоп, интеграција со Facebook и е едноставен за користење. Може да се закачи фајл со лимит до 300 MB преку прелистувач, нема лимит преку десткоп.
  • Microsoft SkyDrive има бесплатни 7 GB, 10 долари годишно за 20 GB, 50 долари годишно за 100 GB. Има десктоп интеграција за Windows и Мac, и можност за соработување на фајлови преку Office Live апликациите. Лимит на фајл е 2 GB.
  • Apple iCloud доаѓа со бесплатен простор од 5 GB, се плаќа 20 долари годишно за 10 GB, 100 долари за 50 GB. Дополнителниот простор е малку поскап од другите, но се работи за складиште кое е интегрирано во iOS 5 и iTunes, купената музика се појавува веднаш во iCloud. Ова веб складиште e наменето пред се за уредите на Apple. Има и апликација за Windows 7.
  • SugarSync нуди 5 GB бесплатен простор, 5 долари месечно за 30 GB простор, 10 долари за 60 GB и 15 долари месечно за 100 GB простор. Нема лимит на големината на фајлот. Тоа што е уникатно за SugarySync е можност да се синхронизираат неколку различни уреди, вклучувајќи синхронизирање PC со Мac, што го прави овој сервис добар за соработка.
  • Box dava 5 GB бесплатен простор, 10 долари месечно за 25 гигабајти, 20 долари за 50 GB. Има многу мал лимит на големи на фајлови од само 25 MB за бесплатните профили, или 1 GB за тие што плаќаат. Бизнис пакетите добиваат повеќе простор и имаат можност за статистика и следење на фајловите, десктоп синхронизација, интеграција со Google Apps, чување на верзии итн.
  • Ubuntu One нуди бесплатни 5 GB, и 20 GB за 30 долари годишно. Ubuntu One е поврзан со Music Streaming сервисот кој нуди стримање на музика од била каде и било кој уред. Music Streaming има 20 GB за околу 4 долари месечно. (фала @goranAT)
  • Amazon Cloud Drive нуди 5 GB бесплатен простор и е поврзан со Cloud Player за Android, како и со продавниците за симнување музика. Се плаќа по 1 долар годишно за секој дополнителен GB. За жал, пристап до продавницата е дозволен само во САД.
Веб складиштата се неверојатно решение. Кој и да ви одговара за лично користење или работа, тој сервис дефинитивно ќе ви го олесни животот.
Добивај известувања
Извести ме за
guest
18 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Martin
Martin
10 years ago

Google Drive

Toshe
Toshe
10 years ago

Кул опција, кај Google Drive, е што, без разлика дали го имаш софтверот на машината што моментално ја користиш, ќе го отвори фајлот се додека има апликација на Google Market што ќе ја поддржи екстензијата и користиш Chrome, се разбира. Проверено со моите AutoCAD и 3ds Max фајлови.

ПС. Не ви работи log in преку twitter, барем за мене

@bojanv91
10 years ago

SkyDrive секако! =) Посебно со новиот десктоп клиент и автоматска синхронизација на слики од Windows Phone.

@aleksandar_9
10 years ago

Ако ги користам сите web складишта истовремено ќе добијам повеќе простор отколку што имам на мојот лап-топ ;)

@nikola_koco
10 years ago
Neven Pejkov
Neven Pejkov
10 years ago

http://www.godaddy.com/hosting/web-hosting.aspx?c… Deluxe + rsync najevtina solucija za 1 minuta search! Imat i poeftino ;-)

@dark4p
10 years ago

Пробајте ја Wuala – има апликација за Ubuntu/Windows/Mac/mobile, брзо ги качува/симнува фајловите, има многу опции и ги енкриптира фајловите на компјутерот и ги качува енкриптирани на серверите. Исто така нуди 5GB простор со можност за проширување до 3GB.

@gocejonoski
10 years ago

Бесплатен простор да, ама некои од нив имаат ограничување на месечен сообраќај.

Miksonx
Miksonx
10 years ago

Ne e problemot sto gi zadrzuva pravata nad fajlovite ama sto so Security – osnovnoto pravilo. Kolku podatocite koi sto site mislat deka se bezbedni ispadne deka protekle nekade informacii za vasata kompanija, finansiski smetki pa ne daj boze i broevi na kreditni karticki i lozinki od e-mail i pristapni sistemi. Nikoj ne razmisluva za bezbednost na podatoci site gledaat samo da bide ednostavno ama koga ke se dupne togas nema dno.

Didi
Didi
10 years ago

SkyDrive rulez!

Тони
Тони
10 years ago

skydrive е најдобар со 25 гб

ддд
ддд
10 years ago

Откако прочитав дека гоогле ги задржува правата на фајловите, нека оди поѓаволите. Сега за сега ќе се дружам со SkyDrive сепак 25 гига ми се и повеќе од доволни.

Dejan Blazeski
10 years ago
Reply to  ддд

G velit poinaku, od kaj ti e informacijata?

“Some of our Services allow you to submit content. You retain ownership of any intellectual property rights that you hold in that content. In short, what belongs to you stays yours.“
http://www.google.com/policies/terms/

Mojot setup – skydrive za backup na sliki, documenti i sl a dropbox za share na fajlovi

@gocejonoski
10 years ago
Reply to  Dejan Blazeski

После вчерашните реакции, се поправија :)

Гостин
Гостин
10 years ago
Reply to  @gocejonoski

Сериозно мислите дека податоците кои ги поставувате на туѓ простор ви се безбедни??? :)

Divi
Divi
10 years ago
Reply to  ддд

Изгледа не си се информирал како што треба, незнам како одма верувате во не нешто без истото да го проверите повеќе пати, еве ти линк и прочитај убаво (http://thenextweb.com/google/2012/04/24/no-google-does-not-own-everything-that-you-upload-to-drive/)
Иначе користам Dropbox но исто така од денес го активирав и GDrive така да и двата ќе ги користам ;)

тотето
тотето
10 years ago

Сега за сега користам Dropbox, имам backup фолдер со најважните фајлови, ама главно го користам за споделување на фајлови. Имам и Box но бидејки нема декстоп клиент, не го имам ставено во употреба. Сега кога ќе излези Google Drive за пошироката јавност, голема е веројатноста да се префрлам на него, или па на двата истовремено?

@ongadut
10 years ago

За мене Box e топ имам 50Gb има солидни apps и стално нешто ново презентираат. Манта е мора да закачуваш преку прелистувач