По микро-трансакциите преку Android апликации, Google сега овозможи и да се претплатува преку апликации. Ова сигурно ќе им се допадне на издавачите кои знаат да објават една апликација преку која ќе ги продаваат сите свои дигитални изданија на магазини и книги.
Добрите вести за корисниците е што ќе можат да се претплатат на месечни или годишни претплати на своите омилени списанија, со можност да си ја зачуваат содржината на уредите, без потреба да ја симнуваат постојано. Всушност Google вели дека нема да бидат ограничени само на магазини и весници, туку ќе може да се претплатува и на нивоа на игри, музика или видео, како и друга дигитална содржина. Издавачите ќе треба само да ја подесат цената, а целата трансакција и новите изданија ќе се процесираат преку Google Play продавницата.
Дополнително, понуденото HTML-базирано API ќе им озвоможи на програмерите да понудат претплата и преку веб прелистувачи, не само преку Android уреди.
Google очекува дека претплатите ќе бидат успех исто како трансакциите преку апликации. Гигантот вели дека 23 од 24-те најпопуларни апликации користат плаќање преку апликација, и дека приходите од такви трансакции ги надминале традиционалните купувања на апликации. Да биде појасно, пример за плаќање преку апликација е кога ќе ја симнете апликациајта бесплатно, и преку не плаќате да отворите дополнителни ниво или услуги.