Twitter конечно овозможи постојан HTTPS

Hypertext Transfer Protocol Secure има неколку безбедносни предности пред HTTP. HTTPS е отпорен метод на некои од нападите кои можат да бидат успешни ако се користи HTTP, заштитувајќи ја информацијата која се пренесува од тоа да биде пресретната на средина или пак да биде снимена од надворешно лице. HTTPS значително ги намалува шансите да се пристапи на пример од отворена Wi-Fi конекција до корисничкиот профил. Секако не е гаранција за апсолутна сигурност, но комбинирајќи ги HTTP и SSL/TLS протоколот кој овозможува криптирана комуникација и сигурна идентификација се додава уште едно ниво плус како заштита.

Twitter во последно време покажуваат повеќе сериозност во работата, што не е и чудно со оглед на статистиките кои ги објави по повод својот 5-ти роденден, кои велат дека се твитаат по неверојатни 140 милиони твита дневно или скоро 1 милијарда твитови неделно.

Во рок од 5 години Twitter порасна во мрежа со огромен број на корисници и таа бројка го принудува сервисот за микро-блогирање да се постави посериозно. Оваа недела им постави скоро невозможни услови на развивачите кои сакаат да креират надворешни клиенти за да се стандардизира искуството на корисниците секаде, а сега воведуваат и перманетна опција за сигурно логирање што може да ги спречи злонамерните корисници кои сакаат да злоупотребат нечија сметка (познат пример е профилот на Аштон Качер).

Twitter предупредува дека страницата наменета за мобилни уреди не може да имплеметира HTTPS метод перманетно, па затоа ако сакаат да го користат кога се логираат треба да внимаваат во нивната адреса да пишува https://mobile.twitter.com наместо than http://mobile.twitter.com. Twitter во моментов работат на доработувањето на оваа функција.

Making Twitter more secure: HTTPS http://t.co/lZS4yEhless than a minute ago via web

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@macstr1k3r
12 years ago

фали ти едно болдирано Т горе искача HTPS

види ги сите огласи на kariera.it.mk