Последните измени не помогнаа, Google и Facebook преполни со лажни вести

во Свет

По вчерашниот напад во Лас Вегас, кој е и најголем напад со огнено оружје во историјата на САД, повторно се покажаа пропустите на Facebook и на Google. Во нападот досега има над 59 жртви и 200 повредени.

Вестите беа дека станува збор за „Анти-Трамп либерал кој ги сака Рејчел Медоу и MoveOn.org, а Федералното истражно биро веќе пронашло врска со Исламска држава“. Дел од македонските медиуми ги пренесоа овие вести, но ниту еден дел не е точен. Ако проширувањето на овие лажни вести покажува нешто, тоа е колку е едноставно да се изманипулираат алгоритмите на двете компании.

Во случајот на Google манипулацијата ја направи 4Chan, со неколку лажни постови кои го поврзаа напаѓачот (Гери Дејли не беше ниту вистинскиот напаѓач) со Демократите. Неколку часа подоцна власите открија дека напаѓачот е Стивен Падок. Сепак, алгоритмите на Google не престанаа во топ вестите да ја покажуваат веста дека нападите го извршил г. Дејли. Google News Top Stories ја промовираше веста од 4chan што предизвика дополнителни проблеми на Facebook.

„За жал, рано изутринава кусо време се појави неточна 4chan страница во нашите резултати. За неколку часа приказната на 4chan алгоритамски беше заменета со релевантни резултати. Ова не треба да се случува и ќе продолжиме да работиме да го спречиме ова“, вели претставник на Google.

На Facebook проблемите ги предизвика Gateway Pundit, портал кој е препознатлив по лажните вести. Но, на друштвената мрежа лажната вест за напаѓачот беше и прва вест за нападот. Facebook има тим кој треба да ги спречи ваквите вести во случаи на криза, но тоа повторно не се случи.

Двете компании уверуваат дека ова нема да се повтори, но ние за жал сме сведоци дека постојано се повторува. Facebook и Google објаснуваат дека пропустите се во алгоритмите, но компаниите имаат доволно време да ги поправат пропустите.

Facebook и Google трошат милијарди за да ја развијат виртуелната реалност. Можат да потрошат милијарда или две и за да ја заштитат вистинската реалност“, вели New York Times.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk