0 коментари 2 мин. читање 3 октомври, 2017

Сервис со автономните возила на Google би можел да профункционира веќе оваа година

Waymo се подготвува да ја издаде првата комерцијална услуга за споделување на превоз. Возилата без човек возач би можеле да се појават веќе оваа есен, велат извори за Information.

Идејата и најавите за споделување на превоз со автономни возила во Google не се новитет. Уште пред неколку години гласини од компанијата најавија дека работат на сервис за транспорт на патници. Тогаш Google изгледаше дека е многу пред останатите кои развиваа ваква технологија. Денес најголем дел од производителите се поблиску со развојот, па пазарот ќе биде поизедначен. Најголемиот недостаток на автономните возила на Google е високата цена на Lidar-сензорите кои чинат околу 75.000 долари.

Најголемите конкурeнти за превоз на патници, Uber и Lyft, кои до пред две години беа далеку од развој на автономно возило, оваа година започнаа партнерства или самите имаа автономно возило. Сепак, Uber по судскиот спор со Waymo мораше барем времено да престане со развој на автономни возила.

Иако проектот од Google X Labs е без сомневање возилото кое е во најнапредна фаза од развој, Google не се осамени во креирањето на автономни возила. Неодамна Navigant Research издаде листа на компании кои се најблиску до развој на автономни возила. Првите 10 производители кои се најблиску до развој на автономни возила се: Ford, GM, Renault-Nissan Alliance, Daimler, Volkswagen Group, BMW, Waymo, Volvo/Autoliv/Zenuity, Delphi и Hyundai Motor Group.

Производителите не се оценувани единствено по технологијата. Дел од критериумите се можност за производство, маркетинг стратегија, партнерства, портфолио на производи и слично.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top