Македонија ќе има дигитално културно наследство

во ИТ.МК

{mosimage}На свечена церемонија вчера (26.03) во Музејот на современа уметност во Скопје беше отворен Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство на земјите од Југоисточна Европа. Центарот беше отворен од министерот за култура Арифхикмет Џемаили и директорот на  УНЕСКО (Организацијата на ОН за образование, наука и култура) Коичиро Мацура.

Центарот ќе биде користен од разни музеи, библиотеки, организации, архиви и експерти кои се бават со откривање и проучување на културното наследство. Набавката на компјутерската опрема за Центарот беше изведена од УНЕСКО кој се обврзува да го финансира проектот до 2009 година, по што влегува како дел од буџетот. Опремувањето на канцелариите ќе биде во две фази – прво ќе бидат набавени компјутери, а потоа и соодветен софтвер за овие намени. Откако фазите ќе бидат комплетирани, италијанската компанија Миневра на лицата вработени во Центарот ќе им овозможи соодветен тренинг.

За Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство на земјите од југоисточна Европа, кој ќе функционира како дел од Управата за заштита на културното наследство, се овозможени вкупно 600,000 евра од страна на италијанската Влада и УНЕСКО, и се очекува да започне со работа до крајот на 2008 година.

На свеченото отворање министерот им се заблагодари на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција и на италијанската Влада за финансирање и поддржување на овој центар. Центарот ќе ги дигитализира, евидентира и регистрира културните наследства во регионот за истите да можат да останат трајни и во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk