0 коментари 5 мин. читање 17 март, 2020

Поради COVID-19 едукацијата на ФИНКИ и во Карпош продолжува онлајн

Откако минатата недела образовниот процес „паузираше“ поради пандемијата, оваа недела ќе продолжи онлајн.

Пандемијата на коронавирусот мината недела ги затвори училиштата, средните школи и факултетите, но и покрај опасноста најголем дел од децата не беа во карантин. Со оглед на тоа дека барем во моментов кризата не изгледа дека ќе заврши за кратко време, најголем дел од образовните институции бараат нов начин за продолжување на наставата. Прв избор се чини дека ќе биде онлајн наставата, но и дел едукативните програми кои бидат достапни преку традиционалните медиуми како телевизијата.

ФИНКИ со платформа за учење на далечина

Факултетот за информациски технологии и комуникација – ФИНКИ, минатата недела започна со „далечинско учење“. Факултетот на 13-ти го имаше првиот тест час со студенти, и првата седница на наставно-научниот совет на ФИНКИ преку платформата за теле-конференции, пренесе Факултети.мк.

Првите тестови се охрабрувачки, и наставата ќе продолжи оваа недела. Дел од студентите веќе се изјасниле дека овој метод на настава го претпочитаат пред традиционалниот. ФИНКИ веќе се подготвуваше да го имплементира овој метод, но вирусот сега го направи неопходен.

Продолжуваме со експериментални часови во разни околности и обем, оптимизации на платформата, усовршување на упатствата и очекуваме формално со сите часови да почнеме од вторник, точно една недела по прекинот на наставата поради епидемијата на коронавирусот Ковид-19, вели деканот на ФИНКИ, проф. д-р Иван Чорбев.

Дигитална платформа за 9-то одделенците во Карпош

Во слична насока е и размислувањето на Општина Карпош. Општината во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на работи на платформа за надоместување на изгубениот наставен материјал преку посебна дигитална платформа. Платформата првенствено ќе биде наменета за учениците во деветто одделение

Намерата е да се прикачуваат содржини кои би се изучувале во овој период од годината согласно наставните програми, но и да се креира двонасочна комуникација со учениците, да се мотивираат за овој начин на настава, се вели во соопштението, вели градоначалникот Стефан Богоев.

За денес е закажана работна средба помеѓу 10-те училишта во Карпош со Општината. На средбата е предвидено презентација на платформата.

Предлози на Министерството за образование

На 13-ти март и Министерството за образование излезе со листа предлози за продолжување на едукативниот процес во овој тежок период.

Покрај советот за родителите да ги следат содржините и да им помагаат на децата на страницата на министерството има и препораки за содржина за учење за различни области.

Содржините кои се споделени се на македонски, албански, турски, босански јазик. Има содежини за учење математика, странски јазици, различни курсеви за кои главно е потребно претходно познавање на јазиците на кои курсевите се одржуваат или барем има превод на овие јазици.

Самоорганизација на граѓаните

Дел од граѓаните преку друштвените мрежи се организираат за продолжување на образовниот процес во период на изолација. Документот на кој работат Божидар Спировски и @r0b0tn1k веќе има 12 страни предлози и објаснување за предностите и недостатоци од истите.

https://twitter.com/spirovskib/status/1238781792343162883?s=19

На листата се достапни навистина многу платформи и технологии, од Viber и Skype, до видео-конференциски сервиси како Zoom.

Што ние ви предлагаме

Ако знаете англиски и сакате да научите да програмирате, тогаш ви предлагаме некој од курсевите во овој текст. Курсевите се бесплатни и што е најважно многу квалитетни и ако ја следите содржината набрзина ќе може да научите основи на кодирање. Но што ако не знаете англиски?

Во овој случај и за сите почетници сакаме да ве потсетиме на видео туторијалите на Никола Ѓоргиев за основи на C# програмирање.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}