0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2015

Апликација на денот: Дали јадете здраво?

Јадам Здраво е бесплатна македонска Android апликација за здрава храна од ChilloSoft. Станува збор за апликација готвач која овозможува брз преглед по рецептите и помага доколку не можете да се одлучите што да зготвите. Kако корисник на Windows Phone забележувам сличност со Food & Drink на Microsoft, што никако не е недостаток со оглед на тоа дека ја споредуваме со навистина одлична апликација.

Покрај преглед по сите рецепти, корисниците можат да прегладаат по повеќе различни категории: безглутенски, вегански, вегетаријански, нискокалорични, нискомаслени, посни и рецепти за сирова храна. Корисникот може дел од рецептите кои му се допаѓаат да ги смести во засебна категорија омилени. Доколку немате идеја за што да готвите тука е функцијата „рецепт на денот“ со која апликацијата ви дава предлог за јадење. Од ChilloSoft најавуваат дека бројот на рецепти постојано ќе се зголемува, што е додадена вредност.

Тоа што е интересно е што за прв пат гледаме македонски апликации да имаат сериозна локална конкуренција. Вообичаено, македонските апликации се локализирани верзии на популарен светски продукт, па најголемата конкуренција им се толку тие популарни продукти. Предноста сепак е на страна на локализираните апликации. Но, овојпат Jaдам Здравo има домашна конкуренција oд хрватско-македонската Fridgecheck. Ова е исто така апликација за готвење но која нуди рецепти според продукти кои ги имаме во фрижидерот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top