Популарнaта апликација за чет WhatsApp сега е достапна и на десктоп

во Совети, Софтвер

WhatsApp претстави своја веб верзија со која ќе може да се четува и преку десктоп компјутерите. Засега веб верзијата е достапна за корисниците на Android и Windows Phone, но не и за корисниците на iOS бидејќи WhatsApp вели дека „има ограничувања кај платформата на Apple“.

Во најавата се вели дека секој корисник на апликацијата, освен тие на iOS се разбира, ќе можат да четуваат преку Chrome прелистувачот, со едноставно скенирање на QR кодот, што служи како авторизација на профилот и поврзување на уредите. Така можете да се допишувате со пријателите и додека седите пред лаптопот, без потреба да го проверувате мобилниот постојано. Уредите се синхронизирани, односно WhatsApp бара постојана интернет конекција помеѓу двата уреда, што е причина за недостапност на iOS. Ова исто така значи дека WhatsApp не користи end-to-end енкрипција на пораките што ја користат другите сервиси, туку, како што вели директорот Јан Кум, „веб клиентот е едностано екстензија на вашиот телефон; веб верзијата служи како огледало на разговорите и пораките што се случуваат на вашиот мобилен“.

WhatsApp, стартуван во 2009-та година од двајца поранешни вработени на Yahoo, сега има 700 мобилни корисници, и се уште функционира како независна компанија, покрај тоа што беше купен од Facebook за околу 12 милијарди долари. Како сопствен сервис, јасно е дека целта му е да биде конкурентен со Skype, Viber и другите сервиси кои се достапни на сите платформи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments