Американскиот Пентагон ја претстави својата редизајнирана играчка – хуманоидниот робот Atlas кој сега има батерија, што му овозможува да се движи слободно без дополнителни електрични кабли. Поради ова, новата верзија е наречена „Atlas Unplugged“.
Самата појава на Atlas е фасцинантна. Хуманоидот тежи над 150 килограми и е висок околу 188 сантиметри. Но, тоа што го прави застрашувачки е што ќе биде користен од Defense Advanced Research Projects Agency, попознат како DARPA, кои се нарачатели на првичниот интернет. Аtlas во суштина е оружје, алатка на војската, иако од DARPA велат дека роботот ќе се користи за помагање на луѓето во невоља.
Аtlas е изработен од Boston Dynamics, од неодамна во сопственост на Google. Интернет гигантот вели дека штом завршат претходните договори на Boston Dynamics, ќе престане да соработува со армијата бидејќи не сака да прави оружја. Но, сепак помогна да се направи новиот редизајн на Atlas, кој според Boston Dynamics е „75 отсто надоградба“. Само нозете не се променети.
Најголемата промена е секако што Atlas може да се движи самостојно без да биде приклучен на кабли. Оваа новина беше неопходна за да се учествува на натпреварот за роботика DARPA Robotic Challenge Finalls. Според правилата која секоја година се се покомплицирани, роботите кои се поврзани на кабли не можат да учествуваат, па на Atlas му беше вградена батерија од 3,7 kWh со која може да функционира еден час. На натпреварот Atlas ќе треба да покаже дека може да се снајде сам на задача како сечење на дука во ѕид со алат или чистење на рушевини.
[youtube]27HkxMo6qK0[/youtube]