0 коментари 2 мин. читање 16 јуни, 2014

Biophilia на Бјорк е прва апликација која влезе во Музеј на современа уметност

Апликацијата на Бјорк за нејзинот албум Biophilia ќе стане дел од колекцијата на њујоршкиот Музеј за современа уметност – MoMA. Biophilia, која достапна на Google Play и нa iTunes за 15, односно 17 долари, е прва мобилна апликација на која и е укажана оваа чест.

Апликацијата е хибрид помеѓу апликација и музички албум, кој нуди интерактивна графика, анимации и музика. Апликацијата го отсликува и интересот на Бјорк за соработка со инженери, други уметници и луѓе кои го преземале албумот и „си играат“ со апликацијата, се вели блогот на МоМА. Biophilia овзможуваше корисниците да играат различна мини-игра за секоја песна.

Паула Антонели куратор во музејот откри дека размислувала Biophilia да биде додадена во колекцијата уште со излегување на апликацијата во 2011 година.

„Во тој период, една година откако излезе iPad, дизајнерите и девелоперите беа возбудени и експериментираа со апликации и го користеа поголемиот екран отколку на iPhone. Со Biophilia, Бјорк го промени начинот на кој луѓето ја доживуваат музиката, овозмужувајќи им да учествуваат во изведбата и овозможувајќи визуелизација на музиката“, вели г-ѓа. Антонели.

[youtube]dikvJM__zA4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top