Половина од интернет сообраќајот не е од луѓе

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Најголем дел од интернет сообраќајот доаѓа од ботови, покажува новото истражување. Автоматите се заслужни за половина од интернет сообраќајот; од автоматизирани пораки и ботови за мапирање на Интернет, па до ботови за DDoS напади.

Image: Imperva Incapsula – распределба на интернт сообраќа помеѓу ботови и луѓе

На „добрите ботови“ отпаѓа 22.9 отсто од севкупниот интернет сообраќај. Тука спаѓаат „spider“-ботовите кои ги користи Google за мапирање на веб-страните, но и „feed-fetchers“ ботови кои ги користи Facebook. Дури 8 отсто од вкупниот сообраќај доаѓа од Google и Facebook ботовите (3.87% Google, 4.4% Facebook).

На „лоши ботови“ отпаѓа 28.9 отсто од интеренет сообраќајот. Во последните пет години нивната застапеност се движи околу 30 отсто. Од „лошите ботови“ најзастапени се ботовите кои имитираат корисници, од вкупниот сообраќај на нив отпаѓа 24.3 отсто или 84 отсто од вкупниот сообраќај на „лошите ботови“, вели Incapsula. Најпопуларниот Nitol-malware бот, е заслужен за 0.12 отсто од севкупниот интернет сообраќај.

Анализата на Incapsula покажува дека дури 94.2 отсто од веб-страниците биле цел на бот-напад. Од 100.000 домени колку што провери Incapsula, 94.2 биле цел на напад во три месеци колку што траело истражувањето.

 

Image: Imperva Incapsula

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments