0 коментари 1 мин. читање 18 јули, 2016

Полицијата во Њу Хемпшир брка криминалци со покемони

Дојдете и фатете го реткиот покемон Чаризад! Ова е пораката која полицијата од Манчестер им ја испрати на повеќе од 500 прекршители кои сѐ уште успеваат да ја избегнат правдата. Но, иако полицијата се обидува шеговито да ги намами криминалците, засега не успеаја да фатат ниту еден. Иако на крај привлекоа над 13.000 симпатии од јавноста.

Иако не се потполно проверени, вестите велат дека Pokemon Gо ја користат и криминалците. Имаше вест дека криминална група користи ретки покемони да ги привлече играчите на изолирани локации каде ги ограбува. Можеби од тука и дојде идејата на полицијата од Манчестер да ги намами криминалците, но ретко кој е доволно луд да влезе во полициска станица и да заврши во затвор заради еден виртуелен покемон. Полицијата треба да се обиде подобро.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top