Политичарите во САД не смеат да ги блокираат критичарите

Политичарите во САД повеќе нема да можат да блокираат корисници на друштвените мрежи. Одлуката на Окружниот суд е дека блокирањето на корисник на друштвените мрежи е противуставно.

Судијата Џејмс Качерис пресуди дека со блокирањата на Facebook,  Филис Рендал го прекрши првиот амандман. Филис Рендал е претседателката на одборот на супервизори за округот Лудоун. Како јавен службеник не смее да го наруши правото на слобода на говор.

Корисникот е блокиран откако го обвинил школскиот одбор за корупција. Судот на ова гледа како на цензуирирање на критички коментари. Одбраната се обиде да укаже дека тоа сепак е приватен Facebook-профил и не користи владини средства за одржување на страницата. Со оглед дека коментарите се во работното време, судијата не ја прифати оваа забелешка, пренесе Engadget.

Иако судот пресуди против Филис Рендал, таа сепак ќе помине без казна. По блокирањето и бришењето на коментарот, таа по 12 часа го одблокирала корисникот. Сепак, пресудата е преседан. Во моментов група корисници на Twitter имаат ист спор со претседателот на САД, г. Доналд Трамп, портпаролот на Белата куќа Шон Спенсер и Ден Скавино, одговорен за друштвени мрежи. Тужителите велат дека блокирањето го прекршува Првиот амандман, јавува Digitaltrends.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk