Што е CommonPass – дигитален здравствен сертификат и како се користи

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Image courtesy of CommonPass

Министерството за здравство објави дека апликацијата CommonPass е достапна за корисниците во Македонија. Апликацијата е дигитален ковид-19 сертификат кој го олеснува патувањето во САД и Канада.

CommonPass е креирана од The Commons Project фондацијата и го олеснува потврдување на вакцинирањето и споделувањето на резултатите од тестовите без при тоа да споделува премногу лични податоци на корисникот. Корисникот има лесен пристап до податоците за вакцинација, а луѓето кои ги проверуваат овие податоци универзални дигитални сертификати од доверливи извори.

CommonPass истовремено повлекува податоци поврзани со Ковид-19 здравствената состојба во кои се содржани идентитетот и здравствената информација. Овие податоци се задржуваат единствено на телефонот на корисникот. Од нив се креира сертификат (CommonPass) кој на лицето кое ги прегледува резултати му покажува информација за здравствената состојба без да открие никакви дополнителни лични податоци. CommonPass ги прикажува името на лицето кое тестирало во лабораторија, број на пасош и земја на издаден пасош, дата и време кога е направен тестот, вид на тест, и резултат од направениот тест.

На серверите на CommonPass се чува копија на „легитимацијата“ без податоци кои може да го идентификуваат корисникот. Овие податоци се чуваат до 2 недели за тестовите и 30 дена за вакцинацијата.

Дел од предностите на CommonPass е што е стандардизиран и е тешко да се фалсификува. Наместо потврда на хартија на јазик на државата која ја издава и потешко се проверува, апликацијата нуди едноставен начин за доказ со податоци од релевантен извор. За луѓето кои ќе патуваат со семејството апликацијата нуди можност за креирање и чување на дигитални потврди за повеќе лица.

Како да го користите CommonPass

Најпрво пред било што да направите потребен е тест, вакцинација или двете направени во лабораторија која е усогласена со CommonPass стандардот.

Потоа преземете ја апликацијата од  Google Play или од App Store. За апликацијата е потребен iPhone со верзија на iOS понова од 13.2 или Android телефон со верзија на оперативниот систем понова од 8.0.

Откако ќе го направите ова може да го скенирате QR-кодот од сертификатот или од SMART Health Card.

За граѓаните кои се вакцинирани во некој од центрите за јавно здравје, постапката е следна:

  1. Најавете се на веб-страницата vakcinacija.mk. Може да креирате нов профил или да се најавите преку Порталот за е-услуги.
  2. Веднаш по логирањето може да го најдете националниот сертификат издаден од Министерство за здравство – ВАЖНО: овој сертификат има QR код, меѓутоа за да го користите во CommonPass, на vakcinacija.mk скролнете подолу, каде што има посебни инструкции да генерирате CommonPass сертификат кој ќе ви даде QR код кој всушнсот е потребен за CommonPass апликацијата.
  3. Потребно е да го внесете бројот на вашата патна исправа и да одберете „Генерирај CommоnPass сертификат“. Во овој чекор е потребно да бидете внимателни со бројот на пасошот бидејќи менување на сертификатот не е можно.
  4. Системот на Vakcinacija.mk ќе ви креира сертификат за CommonPass
  5. Преземете ја апликацијата CommonPass за соодветната верзија Android/iOS.
  6. За код за активација искористете го кодот: CPNMKD. Апликацијата ќе продолжи и без ова, но нема да може да видите точни детали за Македонија. На пример Sinopharm или Sputnik V ги нема во основното нагодување. За промена на кодот за активација од менито во горниот десен агол одберете „Change invitation code“.
  7. По ова, апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Кодот може да го скенирате од екран или да го отпечатите сертификатот и да скенирате од хартија.

Засега може да скенирате QR-код од Smart Health Card и од сертификат кој го системот го креира по внесувањето на патната исправа. QR-кодот од сертификатот за вакцинација од Министерство за здравство засега не функционира. Ова можеби е и разбирливо бидејќи секоја потврда е уникатна за секој кој патува, па мора да постои „врзување“ на пасошот со тестот.

CommonPass е дизајниран со можност за пристап директно преку други апликации и услуги. Со CommonPass и CommonTrustNetwork, владите можат со сигурност да го проверат верификуваниот COVID-19 статус на секој патник, а авионските и прекугранични патувања може побезбедно да се вратат во „нормала“ за патниците, авиокомпаниите и владите.

Со CommonPass граѓаните може да патуваат во САД и Канада, а за следната недела е најавен и Зелениот пасош за патување во Европската унија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] иде преку инфраструктура на фондацијата. Повеќе тука (овој сертификат не е афектиран во […]

Nino
Nino
2 years ago

Koga se odi da se dodade nov pass pisuva: ‘For North Macedonian general use vaccine’
Moze nekoj ova da go prevede?
Novinari, vlast, opozicija,.. Zarem nikoj do sega ne reagirase na ova? Ili bitno ne stavile vo CommonPass aplilacijata…

Jadranka
Jadranka
2 years ago

Go simnav sertifikatot i vidov deka pogresno se vneseni datumite na vakciniranjeto. Sto ponatamu?

trackback

[…] post Што е CommonPass – дигитал&#… appeared first on […]